Крсте Гермов познат и како Шаќир војвода е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. После втората светска војна учествува во раководењето на Народна република Македонија.
Четата на Шаќир |
За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието против турскиот аскер и башибозук, исто така и српски и грчки чети.
Пролетта на 1904 година е во придружба на Ѓорче Петров, а потоа е заедно со војводата Никола Каранџулов. 1906 година е уапсен од страна на турската власт и осуден на доживотен затвор, амнестиран е од младотурците во 1908 година. Васил Балевски за Шакир вели:
"Крсте Гермов (Шаќир) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајтапи. Тој сите кладенчиња во областа ги направил чешми и го беше крстил секое Шаќирова чешма. Тој имаше неколку псевдоними, како Шаќир, Аргир и други."
"Прекарот Шаќир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шаќир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи."
Трајко Зојката, Коста Костурски и Крсто Гермов |
Стојат одлево надесно Димитар Поп Ефтимов, Атанас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев,седат Ризо Ризов, Крсто Гермов Шаќир и Александар Мартунков |
"...Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично - е, па додов да ти кажам дека на Дворот (Дворецот во Софија) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа...освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев..."
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.