Манол Николов Розов е македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Роден е во 1878 година во костурското село Бобишча, тогаш во Османлиската империја, денес Верга, Грција. Брат е на деец на ВМОРО Михаил Розов.
Завршува третокласно училиште во Костур а потоа се запишува во Солунската машка гимназија.Во 1900 година Розов завршува гимназија во Битола и влегува во ВМОРО.При враќањето од Грција со товар оружје заедно со Васил Чакаларов е фатен и затворен во Корча. По ослободувањето во октомври 1902 година е учител во Бобишча. Од пролетта 1903 година е во илегала и на Смилевскиот конгрес во пролетта 1903 година е избран за член на Костурско началство.
За време на Илинденското востание е на чело на Бобишката чета и учествуваше во освојувањето на Невеска и Клисура. Кон крајот на август заедно со Иван Попов и Лазар Поп-Трајков е на чело на одредот кој тргнал кон Леринско и Прилепско.Загинува на 3 септември 1903 година на врвот Сокол (Сокле) во планината Ниџе над село Пожарско (денес Лутраки, Грција).
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.