Thursday, September 12, 2013

Иван Карасулијата


Иван Христов Орџанов, познат како Иванчо Карасулијата или Карасулски или Гевгелиски, бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.Иванчо Карасулијата е роден во селото Карасуле (Ругуновец), денес град Поликастро, Грција. Неговиот татко е од фамилијата Орџанови од Петрово, а неговата мајка потекнувало од Делиатанасови од Бозец. Чичко му Атанас Орџанов Петровалијат бил деец на Македонскиот комитет.Орџанов останал без образование и се одметнал како ајдутин заедно со Кади Јусеин од Негорци и Молла Идриз од Карасинанци. Кратко време бил и во четата на Мицо Ѓаваталијата. Уапсен е од турските власти во 1896 и поминал 7 месеци во затвор во Солун. Во Македонската револуционерна организација влегол по покана на Даме Груев, а бил покрстен од поп Стамат Тончев, и извршувал терористички акции по наредба на Централниот комитет. Заедно со Митре Дудуларски од Дудулари по наредба на Груев го ликвидирал српскиот ренегат Пејчиновски (Пејчиновиќ), организиатро на убиството врз Христо Ганев.


Откако извршиле неколку ликвидации над шпиони, прогонувани од властите на 15 септември 1897 година Карасулията, Апостол Петков и Спиро Карасулски станале нелегални, а кон нив подоцна се приклучил и Христо Узунов од Куфалово.
Војвода бил Апостол Петков, а подвојводата Карасулијат, малата чета била вооружена од Аргир Манасиев во Смоквица. Кон средината на февруари во четата им се приклучиле Гоно Балабанов од Сехово и Павел Граматиков од Кониково, Стојко Христов од Карасуле, Лазар Делев од Ореховица, Гого Киров и Мито Хаџи Јаков од Мутулово, Кољо Машкото од Богородица и Коста Мусевски од Костурино. За кратко време на дејствување во Дојранско, Гевгелиско и Ениџевардарско, четата посеала страв меѓу тамошните гркомани и Турците зулумџи.

Апостол Петков и Иванчо Карасулијата
Во 1898 година, Карасулијата и Апостол Петков го грабнале Туран бег, а неговиот син бил ликвидиран во текот на акцијата. За Туран бег биле побарани 2000 турски лири откуп. Каданата со парите, испратилаа сабја, суво грозје и леблебија за војводата, препорачувајќи дека ако нејзиниот син би бил жив ќе испратела повеќе пари. Парите добиени од грабнувањето од Туран бег биле причина за судир меѓу Карасулијата и организациските дејци.
Организацијата по долга расправија успеала да ги добие парите од откупот, пари кои четата сакала да ги задржи за себе. Според гевгелиско раководител Аргир Манасиев, расправијата довела да дојде до оладување на Карасулијата кон Организацијата. По расправијата Карасулијата продолжил со своите ајдучки манири, а во Гевгелиско, реон на Карасулијата, бил испратен Михаил Апостолов - Попето за да го дисциплинира Карасулијата, но тој несакал насилно да се пресмета со него бидејќи Карасулијата имал авторитет меѓу селаните поради ливидацијата на оделни албански и турски зулумџии.


Кон крајот на 1898 година Карасулијата и Апостол Петков добиле задача да го ликвидираат грчкиот лекар и шпион Димитрис Кивирнидис, тој бил ликвидиран во ноември. На 7 декември 1899 година, Иван Карасулијата со својата чета влегол во Валандово со цел да зграби богат гркоман но притоа четата била откриена и дошло до неколку часовна престрелка со жандармеријата во која загинале двајца заптии, а четата успеала да се повлече без загуби. Меѓутоа оваа акција ја предизвикала Валандовската афера. Според Ангел Динев аферата произлегла од самоволието на Иван Карасулијата.Поради Солунската афера, Карасулијата заминал во Бугарија, каде што се приклучува на Врховниот комитет на генерал Иван Цончев и во пролетта 1902 година се вратил во гевгелиско како врховистичкиот војвода, поради што влегол во конфликт со Македонската револуционерна организација.


Во септември 1902 година во Воденско, под водство на офицерот Иван Пожарлиев и со содејство на Иван Карасулијата дошло до т.н Тушимско востание. Двајцата биле дејци на Врховниот комитет и самото востание било резултат на врховистичката провокација во Македонија. Тушимското востание не преставувало востание во вистинска смисла на зборот бидејќи востаничките сили изнесувале само 40 души, а населението во тој дел од Македонија не востанало.Во текот на Илинденското востание учествувал во II востанички округ. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите. Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. На 12/25.09.1903 А. Петков и И. Карасулијата воделе голема борба со многуброен аскер на Гандач. Тие со писмо ги повикале началниците на гарнизоните од Гумеџе и Гевгелија. Четите зазеле добра позиција и ја пропуштиле војската да навлезе во клешта. Поради тоа нејзините загуби биле големи. На крај четите се извлекле со јуриш, фрлајќи бомби. Во ноември била извршена демобилизација во Гевгелиско. Михајлов, Манасиев и Карасулијата со повеќе четници заминале за Бугарија.
Иванчо Карасулијата загинал заедно со целата своја чета во борба во месноста Џарлов рид во близина на селото Лесково.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.