Sunday, September 8, 2013

Крсто Лазаров


Крсто Лазаров Иванов е роден во 1881 год. во с. Коњух, Кумановско. Во редовите на ВМРО пристапил во 1900 година. Од 1901 г. до 1903 г. е четник во четата на капетан Јордан Стојанов.


Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско.

Четата на Михаил Чаков (Крсто е трет од десно)
Во 1905 година го убил водачот на српската пропаганда во Куманово. Учествува во Балканските и Првата светска војна, во подршка на Бугарската армиja.

Кумановска и Скопска чета
 Од 1919 до 1931 год. е кумановски околиски војвода и водел борба против српската власт.

Крсто е со двогледот во раце
После 1941 година се прибрал во родната околија со Бугарската армиja и бил на голема почит.



Кон крајот на 1944 година, како соработник на бугарскиот фашистички окупатор, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско од комунистите.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.