Tuesday, September 17, 2013

Коста Мазнејков


Коста Мазнејков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.Коста Мазнејков бил роден во 1882 година во Струмица, денешна Република Македонија. Бил ученик во селата Робово и Добрејци, а во периодот од 1899-1901 година заминал за Бугарија. По враќањето од Бугарија, тој станал радовишки регионален војвода на ВМОРО.

Седат: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнејков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов. Стојат: Никола Жеков, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев, Никола Сарафов

Во 1903 година дошло до обединување на неколку чети, и тоа четите на Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Тимо Ангелов и Никола Дечев.
Мазнејков учествувал во битката кај Готен, на планината Готен, Малешевско.
Во битката кај Ињево, која се одвила на 24 март 1903 година, Мазнејков заедно со околу 15 души загинал во борба против турскиот аскер.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.