Friday, September 27, 2013

Андон Ќосето


Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и дветете сестри. Откако неговиот татко е уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес кај својот чичко.
Во овој град Андон убил истакнат Турчин и ибегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.
Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со помош на гевгелиските раководители Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го ликвидираат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доушник на властите. За кратко време се вратил во Солун, но морала да стане илегален за да не биде уапсен од властите.Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов - Попето изнудиле пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа го обиколиле Кукушко. Ќосето со неколку работници на Организацијата, одвлекол еден чорбаџиски син за кој по 25 дена добиле 1 000 лири. Поради несогласувањата со четата заминал за Бугарија каде бил уапсен од бугарските власти. Гоце Делчев и Антон Бозуков издејствувале негово ослободување. Во Софија извршувал наредби на Гоце. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов учествувал во неуспешно грабнување на едно струмичко бегче. Учествувал во Аферата мис Стон, бил задолжен за ослободување на грабнатите. На 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци, во непосредна близина на Струмица.

Андреј Докурчев, Андон Ќосето и Марко Христов

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта но на два пати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатиле кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година. По востанието ја организирал и подготвувал на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен.Со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Тоше Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други, формираат чета на чело со Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27-ми чепински полк, четата ја напаѓа Мехомија. Потоа тој служел во штабот на 13 кукушка дружина. Андон Ќосето умрел во Благоевград во 1953 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.