Friday, September 6, 2013

Сава Михајлов


Сава Михаjлов (1877 - 1905), македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.


Завршува гимназиjа во Солун и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ТМОРО. Таму е предаден и по фаќањето на мис Стон, се присоединува кон четата на Јане Сандански.

Сава Михајлов, Јане Сандански и Крсто Асенов

Од почетокот на 1903 е војвода во Гевгелиско.Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија.
Загинува на 1 март 1905 година кај селото Смол, Гевгелиско. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска.

Сава Михајлов, Јане Сандански, Крсто Асенов и Христо Чернопеев

Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов, а војводата Апостол Петков, ранет во петата, со петмина четници успеваат да се спасат.
Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн.
За време на НОБ во Втората светска војна гевгелискиот партизански одред го носел името на Сава Михајлов.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.