Wednesday, September 11, 2013

Петар Христов - Германчето


Петар Христов - Германчето бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.


Петар Дамов Христов - Германчето, познат и како Петре Дамовски, е роден во село Герман 1867 година, Егејска Македонија. Во 1899 година влегол во ТМОРО и станал селски војвода.


Во 1901 година турските власти го уапсиле и осудиле на 6 години робија, но во 1903 година бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието заминал за САД и оттаму се вратил во 1905 година.

Четата на Германчето
Повторно формирал чета и како нејзин војвода дејствувал против Турците и андартите. На 28 февруари 1907 година бил опколен од турски аскер кај селото Дробитишча. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил.

Членови од агитационата група од четата на Германчето
Неговиот син Герман Дамовски ја продолжил традицијата во борбата за ослободување на Македонија како раководител на НОФ.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.