Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското националноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:
1. Предгоор
2. Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
3. Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?
4. Националниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.
5. Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?
6. Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.
Во оваа книга тој го прогласува централното македонско наречје за литературен македонски јазик и ја определува својата национална програма, во која главно место има прашањето за македонскиот литературен јазик. Со оваа книга, тој теориски ги изложи погледите за оформување на македонскиот литературен јазик. Неговиот јазик, всушност, е нормиран јазик и претставува солидна основа за дефинитивното нормирање и кодифицирање на македонскиот јазик. Последната статија во оваа книга носи наслов "Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик" и претставува прв научно аргументиран, теориски солидно поставен и практично разработен проект за кодификација на македонскиот јазик.
Мисирков тргнува од особеностите на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици. Тој ја разгледува неговата историја, неговата практична примена во писменоста, како и културно-историските околности кои придонесуваат да се избере западномакедонското наречје и да се издигне на ниво на литературен јазик.
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ и успешно средство во национално-политичката борба против туѓите пропаганди и против употребата на туѓите соседни јазици.
Мисирков се определува за брзо решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
* за основа на литературниот јазик ги зема централните говори (на линијата Велес - Прилеп - Битола - Охрид), бидејќи тие се еднакво одалечени од соседните литературни словенски јазици (бугарски и српски)
* го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата
* во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори
Така, во изговорот и правописот инсистира на:
* испуштање на интервокалните согласки, и тоа на в (чоек, жиот, зборои итн.), на х (дуот, Орид), на д (создаит) и слично
* ф наместо старото х (успеф)
* антиципација на мекиот изговор на ќ и на њ (брајк‘а, стаин‘е)
* групата шч (шчо, опшч)
* групите стр, здр во сите случаи (стред, здрел, праздна)
* наставката цки наместо ски (македонцки, балканцки)
На морфолошко поле, инсистира на наставката -т во трето лице еднина сегашно време (требит, мислит, значит), исто и кај формите од помошниот глагол јет, сет. Значително е што предлогот од имал две форми, па забележуваме користење на предлогот от пред збор што започнува на беззвучна согласка и предлогот од пред збор што започнува на звучна согласка и сонанти.
Мисирков го прифаќа кирилското писмо и составува азбука врз современи принципи. Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис инсистира на бележење на едначењето по звучност.
Во лексиката, и особено во зборообразувањето, инсистира на народна лексика и на живи зборообразувачки модели: дележ, продолжаач, опитуачка и слично.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.