Monday, July 25, 2011

Пере Тошев


Се школувал во родниот град, Битола, Солун и Пловдив. Својот немирен бунтовнички темперамент и изострено чувство за праведност младиот прилепчанец ќе го искаже уште како ученик во Солунската егзархиска гимназија кон 1883 година од која бил отстранет, заедно со уште десетина македонски ученици меѓу кои е и идниот голем другар на Пере Тошев, Ѓорче Петров. Тие ќе бидат исклучени поради гласно искажаното незадоволство од политиката на училиштето. Завршил гимназија во Пловдив во 1885 година. Во 1885 година зема учество во Српско-бугарската војна како доброволец во бугарската армија. Учествува во битката кај Сливница за што е награден.


Некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат: организација за ослободување.Подоцна како професор во битолската гимназија, Пере Тошев го формирал првиот револуционерен округ во кој соработувал со Ѓорче Петров. Неговиот револуционерен и бунтовнички дух дошол до израза за време на Прилепскиот окружен конгрес, кога на неговите ставови за пропагандите од соседните држави не можел да му се спротивстави ниту влијателниот Даме Груев. Во 1901 година е осуден на заточение во Бодрум Кале, но е амнестиран во пролетта 1903 година пред Илинденското востание. За време на востанието дејствува во прилепскиот крај, кај Мариово.
За време на Рилскиот конгрес од 1905 година, на кој поднесува Правилник за нејзината работа. На овој конгрес, повторно е избран за член на Централниот комитет. Заедно со Јане Сандански учествувал во работата на Серскиот конгрес од 1906 година. По Младотурската револуција бил бугарски училишен инспектор во Солун. По убиствата на Борис Сарафов и Иван Гарванов во 1907 година бил прогонуван од страна на бугарската полиција во Софија. Пред Првата балканска војна се разболел, па скришно се лекувал во Софија. По закрепнувањето решил да се врати во Македонија. На пат кон својот роден град Прилеп, на 4 мај 1912 година попаднал во турска заседа и бил убиен во Дреновската клисура, Велешко. Погребан е кај црквата во село Фариш, Тиквешко. Датумот на неговата смрт се совпаѓа со датата на убиството на друг македонски револуционер, Гоце Делчев од 1903 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.