Антон (Филахтечев) Димитров (роден во 1867 година во с. Ајватово (Солунско) е еден од основачите на МРО односно ТМОРО. Студирал право на Вишото училиште во Цариград, а потоа и на Универзитетот во Лиеж (Белгија). По завршувањето на студиите извесно време работел како професор по турски јазик во Егзархиската гимназија во Солун, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград.
Во 1893 година Антон Димитров учествува во формирањето на МРО односно ТМОРО.
После турскиот Младотурската револуција од 1908 година го создава Соjузот на бугарските конституциони клубови.
По Првата балканска војна, Антон Димитров се населил во Софија (Бугарија), каде заземал високи позиции во Министерството за правосудство (1915/18) и Министерството на надворешните работи (1918/20).
Умира на 13 март 1933 година во Софија.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.