Friday, July 22, 2011

Бугарски лаги: Македонците имале исто потекло со „Бугарите„ историографија ги прикажува како турко-монголи

Според најновите археолошки испитувања, се мисли дека словените се староседелци на Балканот, а бидејќи Траките, Македонците и Илирите биле слични народи, Византија ги нарекла сите со заедничко име Словени, односно Анти. Американскиот Prof. Dr. Florin Kurta во својата книга „History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700“ тврди дека по археолошките испитувања на поддунавскиот Балкан (вклучувајќи ја и Македонија), немало никакви преселби во 6 век; за време на Јустинијан, се по јавила голема економска криза, глад и немаштија, па луѓето од градовите почнале да мигрираат по селата. Како доказ на својата теорија, др. Флорин Курта ја приложува генетиката на денешните „словенски“ балкански народи, чии гени одговараат на балканските жители од палеомезеонеолитичките миграции, некаде 5000-6000 години стари ( The Making of the Slavs : History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700 (Cambridge Studies in Medieval Life and Thought: Fourth Series) by Florin Curta, Rosamond McKitterick (Series Editor), Christine Carpenter (Series Editor), Jonathan Shepard (Series Editor) Cambridge University Press (July 12, 2001). За овој труд, Др. Курта е награден со „Herbert Baxter Adams Prize“ на американското сојузно историско друштво (the American Historical Association, January 3, 2003).
Бугарската пропагандна машинерија тврди дека Македонците и тнр. бугарски „словени“ имаат ист словенски корен и според тоа Македонците се Бугари. Но, тоа е сосема неточно, за што сведочи и историјата.

Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Словени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми. Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918).
Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).

Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи.
Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!
Од друга пак страна, за својата и странската историја, бугарските историчари ја кажуваат историската вистина дека нивната модерна бугарска нација е создадена од мешавина на Трако-Мизијци, туркомонголските Бугари со 7 Антски племиња и Северјани (најстарото руско словенско племе); извор: "Rulers of Bulgaria" Text by Profesor Milcho Lalkov, Ph.D.

Македонците никако не можат да се вклопат во „бугарскато племе“; не влечат потекло од Антите, Северјаните и туркоБугарите. Напротив, Македонците биле големи непријатели на етникумите кои ја сочинуваат модерната бугарска нација. Како што видовме погоре, Словените со Антите (тнр. бугарски словени) биле непријателски настроени, а особено големи непријателства и војни имало меѓу Македонците и вистинските, турските Бугари.
Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ [Державин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?]. Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН).

Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992). 
 

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.