Saturday, July 23, 2011

Борис Сарафов

Борис Сарафов
На 1 мај 1899 година во Софија започнал ШЕСТИОТ македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, секако со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов:
Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот.
Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува:
Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт.



Како и да е Сарфов во својот прв мандат давал голема матерјална и финансиска поткрепа за ТМОРО во Македонија. За време СЕДМИ македонски конгрес било констирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11 990 златни левови и 23 327, 20 левови во сребро. Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свој раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу BМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК на организацијата во Македонија.

Борис Сарафов

Договорот на Сарафов:
По самиот избор за претседател на комитетот, Б. Сарафов ја помагал финансиски ТМОРО, меѓутоа уште додека се составувал комитетот Б. Срафов планирал да го заземе ЦК на ТМОРО. Имено тој направил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Јанков и Николов. Според овој договор И. Цончев требало да даде оставка на офицерската должност и да го зазеде претсдателското место во комитетот и на таков начин тој да се најде во рацете на офицерите и што поскоро да се крене востание Било предвидено територијата на Македонија да се подели на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а полковникот И. Цончев со големи сили да навлезе од Бугарија.



Четата на Борис Сарафов
За планот не требало да дознаат Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Подоцна кога Б. Сарфов и Иван Цончев ќе дојдат во судир, за овој договор преку Сарафов ќе дознае Ѓ. Петров.



Васил Чакаларов и Борис Сарафов
 Мајската спогодба:

Офицерите и покрај договорот со Сарафов не се осмелиле да дејствуваат без согласност на ТМОРО и затоа тие предложиле во ЦК да влезаат двајца офицери од ВМК, а истовремено околу 16 офицери да бидат распоредени по окрузите на ТМОРО. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во принцип не го отфрлиле предлогот. Отука призлегла мајската спогодбаод 1900 година. Спогодбата била потпишана на 1.05.1900 година од страната на ТМОРО биле Гоце Делчев и Ѓорче Петров додека Врховниот комитет бил преставен од полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев. Спогодбата предвидувала:

- а) да му се предложи на ЦК во својот состав да прими 2 членови , во кои ВМК има полна доверба;

- б) по нивниот прием во ЦК, ВМК станува клон на ЦК, а ЦК ќе има решавачки збор по сите прашања за делото;

- в) да му се предложи на ЦК за раководители на реоните да прифати воени лица испратени од Софија;

- г) тие даваат клетва според Правилникот на ТМОРО, го почитуваат тој Правилник и ги прекинуваат сите врски по делото со Бугарија. Во таа смисла исклучок се прави само по наредба на ЦК;

- д) ЦК да ја прекине приватната коресподенцијапо делото со задграничните прествници и раководителите на реоните, а исто важи и за членовите на ВМК со Македонија;

- ѓ) при какви било околности лицата од сегашниот состав на ВМК остануваат неразделно поврзани со ТМОРО;

-ж) со овој протокол се понништуваат старите писма за регулирање на односите помеѓу ТМОРО и ВМК.



Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907) бил македонски револуционер, раководител и војвода. Бил водач на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), а после го напушта и станува еден од водачите на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација). Во текот на Илинденското востание е член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.

Борис Сарафов во комитска облека
Борис Сарафов е роден во село Либјахово (денес село Илинден, Гоце Делчевско), во Пиринска Македонија. Тој потекнува од преродбенско семејство - и татко му и чичко му се борат против Грчката духовна хегемонија во Македонија. Основното училиште го завршува во Неврокоп (сега Гоце Делчев), а потоа образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Таму е активен во македонските револуционерни кружоци, каде што се запознава со Гоце Делчев.
 

Родителите на Борис Сарафов
 По завршувањето на гимназијата, во 1890 година се запишува на воено училиште во Софија, завршува во 1893 година и добива првиот офицерски чин од бугарската армија - подпоручник и служи во 15 пешадиски полк во Белоградчик. Во Софија формира македонски офицерски братства и се запознава со многу идни војводи на ВМОРО (како Христо Чернопеев, Андреј Андреев и др.)

Борис Сарафов во Мелник
На 12 јули 1895 година Сарафов со чета од 70 души го напаѓа град Мелник и го завзема. Акцијата добива широк одзвук во Европа, а името на Сарафов одеднаш добива голема популарност. Од тој момент, Сарафов се откажува од кариерата во армијата, и целосно и се оддава на Македонската револуција. Заедно со Гоце Делчев вршат обиколка во Македонија, каде што се сретнуваат со Даме Груев и ги проучуваат потребите за вооружување и муниција.

На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници

Убиство:

По задушувањето на Илинденското востание, револуционерната организација доживеала огромна криза. Помеѓу членовите на организацијата дошло до остри дискуии за неуспехот на востанието. Во овие дискусии се изјавиле две гледишта кои довеле до отворена поделба во организацијата. На една страна била т.н. реформистичка (лева) струја на ТМОРО на чело со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и други, кои сметале дека без подршка на Бугарија е возможно ослободување или автомомија. Наспроти неа, била конзервативната (десна) струја, на чело со Гарванов и др. кои сметале (или се сомневале) дека без подршка на Бугарија не може да очекува ослободување или автомомија. 

Мртвите тела на Борис Сарафов и Иван Гарванов
Сарафов бил убиен од Тодор Паница по наредба на окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ и лично од Јане Сандански во 1907 година во Софиjа заедно со Иван Гарванов. Пред да бил убиен и Михаил Даев и со тоа започнал почетокот на братоубиствата во Oрганизацијата.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.