Крсте Љондев
КРСТЕ ЉОНДЕВ - Роден е во с. Неокази, Леринско. Бил реонски војвода во Леринско и голем приврзаник на Внатрешната револуционерна организација. Учествувал во многу борби во Леринско пред, за време и по Илинденското востание. За време на Младотурскиот режим бил ориентиран кон Ј. Сандански и Народната федеративна партија.
По Првата светска војна се населил да живее во Битола, каде српската власт го убила во 1928 година.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.