Васил Чакаларов |
Васил Христов Чекаларов или Чакаларов е македонски револуционер, еден од главните војводи на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација во Костурско. Нарекуван "главниот непријател на Хлинизмот'' од дејците на грчката вооружена пропаганда во Македонија, поради тоа што се јавува и нејзин главен непријател во југозападна Македонија.
Васил Чекаларов е роден во 1874 година во Костурското село Смрдеш, тогаш во Отоманската империја, денес Кристалопиги, Грција. Најпрво студирал во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрла да учи во бугарско училиште. Дипломирал на четвртото одделение и паралелно работи со својот татко, на печалба во Грција.
Hуачили да го зборува и албанскиот јазик.Во 1894 година за кратко е во Костурскот затвор, од кој успешно бега во Бугарија.
Таму работи како чевлар, каменоделкач и зидар, а при неговиот престој во Шумен завршува Вечерна гимназија.Во 1901 година Васил Чекаларов оди во Софија, каде станува претседател на Костурско добротворни друштво. Зема учество во легалната активност на ВМК и станува близок пријател на Борис Сарафов. Помага и револуционерната дејност на ВМОРО и заедно со Лазар Киселинчев создава канали за купување на оружје од Грција. По откритија на Иванчовата афера Васил Чекаларов е испратен од Битолскиот окружен револуционерен комитет да помогне во работата на Панде Кляшев и Лазар Москов во Костурско револуционерен реон. Чекаларов го убива грчкиот шпион гркоман Цеман од село Д'мбени.
Васил Чакаларов предводи единица од 450 лица од Смрдешката, Д'мбенската, Косинската и Апоскепската централна чета. Водат борба на 29 август во Апоскеп и во близина на градот Костур. Во селото Нестрам на 1 септември ги казнуваат предавниците и разбиваат мала турска воена единица. Потоа одат во Касторија во чистење на областа од албанските и турски разбојници и за тоа имаат симпатии од локалнато население. На крајот се враќаат во разораното Костурско, каде четите се распуштени.
Васил Чакаларов предводи единица од 450 лица од Смрдешката, Д'мбенската, Косинската и Апоскепската централна чета. Водат борба на 29 август во Апоскеп и во близина на градот Костур. Во селото Нестрам на 1 септември ги казнуваат предавниците и разбиваат мала турска воена единица. Потоа одат во Касторија во чистење на областа од албанските и турски разбојници и за тоа имаат симпатии од локалнато население. На крајот се враќаат во разораното Костурско, каде четите се распуштени.
четата на Чакаларов |
Отсечената глава на Васил Чакаларов |
Отсечената глава на Васил Чакаларов е однесена од војниците во Лерин и набодена на кол и носена по улиците со повици:
'' Нема Чекаларов! Нема Македонија! го Уништија Чакаларов и заедно со него сите Чекаларовци!''
Отсечената глава на Васил Чакаларов |
Потоа грчкиот капетан го удира со главата Илија Димушев и му наредува да ја носи на чело на процесите. Српски офицер не дозволува да продолжи и протестира пред Грците. Главата ја пренесуваат во црквата "Св Панталејмон ", коаде е погребана во гробиштата.
Дваесет и шест од четниците на Чекаларов се судени во Солун од воен суд и добиваат различни казни.
Во Втора балканска војна Васил Чекаларов и Иван Попов повторно организираат голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија.
Во средината на јуни 1913 година од Дојран за Костурско заминаа со војводи и четници, меѓу кои и Христо Цветков, Илија Димушев, Н. Иванов, Григор Џинџифилов, Дончо Лазаров, Панаиот Карамфилович, Панде Сидов и други. Одат на југоисток како авангарда на 41-и и 42-и пешадиски полкови од бугарската армија. Во Фурка на 17 јуни 160 четници уништиле српско-грчки војски, а кај селата Стојаково и Богданци 80 евзони и 1 антиполахос (подпоручик). ја ослободуваат Ѓевгелија и во Туши, Магленско поразуваат повторно грчки војски.
На 19 јуни Ѓевгелија паѓа повторно во грчки раце и поголем дел од четата се повлекува. Васил Чекаларов, Иван Попов, Козинчев, Христо Цветков и Панде Сидов и одат во Костурско. На 2-3 јули но паѓаат во заседа во Дарма, Воденско, од која Васил Чекаларов ја извлекува четата со измами.Се преправа во грчки офицер со тоа ја извлекол четата . На 4 јули во Чеган четата е предадена, а Чекаларов е повреден лесно. Четата се дели на два дела , Иван Попов и Панде Сидов заминуваат за Баница, но се соочуваат со пораз на 5 јули. Истиот ден и четата на Чекаларов е разпарчена, повреден е повторно, но достигнуваат до планината Вич на 8-ми јули. Васил Чекаларов е повреден повторно во градите во борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел камен (денес Дросопиги).
Грчкиот потполковник Михалакопулос ја опишува ситуацијта така:
'' Пет-шест војници и андари се спуштивме кон паднатото тело со воинствeн повик. Тој се помести неочекувано. Најпрво се издигна со окрвавената глава, покриена со бујна убава кадрава коса и се фати за гранка од дрво да се соочи. Чекаларов навистина беше многу страшен. Но за момент, тој потрепери , падна и не мрдна веќе! (Во тоа време андарите удираат во безживотното тело на Чекаларов со нож.) Најверојатно тоа беше последнотa свест на главата и оваа опасна глава се збогува со своето тело. Капeтaн ''Х'' .. со два нови удари ја отсече главата од мртвото тело.''
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.