Лазар Поп Трајков |
Лазар Поп Трајков е македонски револуционер, раководител и војвода на ВМОРО.
Лазар Поп Трајков е роден 1878 година, во револуционерното село Д’мбени (Костурско), сега во Грција) во семејството на Поп Трајко кој бил чесен човек и голем патриот. Селото Д’мбени имало 300 куќи и било едно од најцветачките села во Македонија, но за време на Илинденското востание било разрушено и опожарено. Од истото село потекнуваат и многу други револуционери патриоти.
Лазар Поп Трајков го завршува основното образование во своето родно село, во непосредна близина на планината Вич. Уште од мал, Поп Трајков пројавува афинитет кон учењето и револт кон неправдата што османлиската држава ја врши на неговиот народ.
По завршувањето на основното училиште, Лазар Поп Траков учи во прогимназијата во Костур, а потоа своето образование го продолжува во Солунската егзархиска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј". Таму тој и ја започнува својата револуционерна дејност, каде што станува член на ВМОРО. По завршувањето на гимназијата, станува егзархиски учител во Костурско.

Соединените костурски чети на војводите Васил Чекаларов,Лазар Поп Трајков Иван Попов, Пандо Кљшев, Никола Андреев и Манол Розов после заземањето на Клисура 1903 |
На 20 јули 1903 година (нов стил 2 Август) е објавено Илинденското востание. Лазар Поп Трајков е назначен за војвода на голема казнена чета. Заедно со Лазар Киселинчев, Иван Попов и Манол Ризов одат во село Руља и се помируваат со војводата Коте Христов. ги осветуваат 6-те знамиња, и Коте ветува дека ќе биде верен на Организацијата и дека ќе земе учество во востанието.
Два дена по почетокот на востанието, Лазар Поп Трајков и неговата казнена чета заедно со војводата Стерјо Стерјовски и востаници одат кон турското село Жервени. После неколку предупредувања за разоружување, го напаѓа големото село (во кое има војска и многу башибозук). После целодневна битка, војската е истерана од селото давајќи големи жртви, а башибозукот е истепан до еден. Востаниците водени од Поп Трајков победоносно влегуваат во селото. Турците од Жервени со децении ги тероризираат околните Македонски села (убиваат, силуваат, пљачкаат). Затоа Поп Трајков наредува селото да се запали до темел.
После битката кај Жервени, четата на Поп Трајков заедно со Чакаларов и Кљашев води неколку битки со аскерот, од кои најголема во којашто тој учествува е битката кај местноста Франговица околу селото Дмбени, каде што 600 востаници се нападнати од многуилјаден аскер. Во оваа битка Турците имаат и артилерија. Но и покрај тоа, секој турски напад е одбиен, а после последниот турски напад, востаниците прават контранапад и ја бркаат војската дури до соседното село Сливени. Во таа битка паѓаат 200 души Турски војници и 6 востаника. Заробен е и турскиот сигналист.

По еден месец борби скоро секаде во Костурско, здружените востанички сили (околу 2000 на број) се разделуваат на две: 900 души на чело со Чакаларов заминуваат во казнена експедиција во Албанија за да изгорат неколку башибозучки села, а другата од 500 души начело со Лазар Поп Трајков и Иван Попов заминува во Мариово (Прилепско) за да се приклучи на тамошното востание. Дел од востаниците остануваат во Костурско. Групата на Поп Трајков, изнемоштена од борби и глад поминува со борба до Мариово. Но тука Лазар Поп Трајков се разочарува - во Прилепско нема востание. Како што кажува Иван Попов во неговите спомени:
"Ние мислевме дека цела Македонија востанала. Додека ние во Костур водиме крвав бој против смртниот непријател, додека нашите села се дивјачки палени и уништувани, во Прилепско ниту едно село не востанало".
Од тие 500 души, повеќе од 300 се враќаат во Костурско, потполно разочарани.
Другите 150 остануваат со Поп Трајков во Прилепско,кајшто се сретнуваат со Ѓорче Петров (кој не успева да го крене Прилепско, или да направи нешто од почетокот на востанието). Еве како Ѓорче Петров во неговите спомени ги опишува Костурските великани:
"Грозен впечаток ми направија, што сите беа капнати, голи, боси, како цигани, и насекаде гонети од војската, изгладнети беа како волци. Од 300—400 души, што тргнале од Костурско, беа останале до 130 души, а другите се одделувале на групи и си оделе во своите родни места. Но спрема прилепските четници предизвикаа восхитеност во нас. Споредувањето беше, што тие беа херои спрема нашиве баби. Еланот во нив не беше убиен."
Се договaраат заедно со четата на Ѓорче Петров (останати само 10 четника), да одат во Леринско и таму да ја дигнат во воздух железничката линија. Кон нив се придружува и Лука Иванов (подоцна станува Воденски војвода) и Јово Јововиќ (Црногорец по народност, доброволец во востанието). На пат кон предвидената цел, кај Мариовското село Чаништа групата од 160 души четници е нападната од 5000 души аскер. Започнува љута битка. Врвовите окупирани од востаниците се задржени благодарение на фанатичноста на војводата Иван Попов, Јово Јовович, храброста на Костурчани, како и лидерските способности на Лазар Поп Трајков. Турците еден по еден праќаат фанатички напади во коишто паѓаат како покосени многу аскери. Кога вечерта се стемнува, четите со победоносното УРА, го пробиваат обрачот и се извлекуваат. оваа битка е еден од најголемите порази на Турците за време на востанието. Востаниците даваат 4 жртви и 6 ранети, додека турците имаат 400 мртви (според Попов се 400 а според Ѓорче Петров се меѓу 200-300).
Во оваа битка Лазар Поп Трајков е лошо погоден во устата, и решава да се врати во Костурско да остане сред народот, и да се лекува.

скица - мапа направени од Лазар од регионот на Kостур |
исечок од стрнана од весник од Бугарија со мртвата глава на Лазо Поп Трајков |
Одкако успева да се врати во родното Костурско, Лазар Поп Трајков решава дека е најдобро да оди и да се лекува во селото на Коте Христов. Дури и му испраќа писмо во кое срдечно го поздравува и го поканува да дојде кај него. Иако Поп Трајков знае дека Коте има врски со грчкиот владика Германос Каравангелис, тој сепак се препушта на Коте надевајќи се дека заедничката борба за време на востанието ги е средила сите недоразбирања меѓу Коте и ВМОРО.
Но Поп Трајков не знае дека грчкиот владика веќе го врбувал Коте да работи за грчкиот комитет и дека добива месечна плата. Како непомирлив борец против грчкото духовно господство во Костурско, Лазар Поп Трајков е трн во очите на Грците, и тие нудат се што можат само да биде тој мртов. И така, во октомври 1903 година, во падините на планината Лисец, до село Руља, великиот водач Лазар Поп Трајков е заклан од страна на Коте и Павле Киров (поранешен член на ВМОРО, потоа андарт). Главата му е испратена на грчкиот владика Германос Каравангелис кој ја фотографира и испраќа по селата.
Така предавнички е убиен Лазар Поп Трајков - најсветлата личност на Костурско (според зборовите на Пандо Кљашев). Тоа е трагичната смрт на човекот, којшто со своите верни помошници успева да организира ја Костурската околија што понатаму дава можност тој, заедно со легендарниот водач на Костурско Васил Чакаларов и неговите војводи и плејадите храбри борци да бидат достојни да исплетат блескав лаворов венец за Македонците од Костурско, и да ги стави егејските Македонци на предните страници на македонската слава.
Воедно со великиот организатор и раководител Лазар Поп Трајков, загинува и Костурскиот поет Лазар Поп Трајков, чиишто стихови допринесуваат за кревање на гранитниот, боречки, револуционерен дух на Костурските великани.
За смртта на Лазар Поп Трајков Магда Јумбрукова Влахова од Д'мбени вели:
''Лазо Поп Трајкоф беше комита. Беше ем Коте од Руља и тоj беше комита. Козна (кој знае) зашчо се скарае и Коте стана протиф комитите. И ојде се пoфaли, ојде при грците, у Костур. Го закла Лазо Поп Трајкоф. Со посечената глава цел Костур шетае. Лазо Поп Трајкоф беше македонцки даскал и војвода от Д'мбени.''
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.