Wednesday, July 27, 2011

Блаже Крстев - Биринчето


Блаже Крстев (1873 – 31 мај 1911), познат и како Блаже Биринчето или Блаже Крстев-Биринчето.



Крстев е роден во Бирино, Крушевско и се вклучил со ТМОРО како организатор и водач. Пред Илинденското востание формирал своја чета со четници од своето село. За време на Илинденското востание, на самиот ден 2 август 1903 година Блаже Биринчето заедно со здружените чети на Иван Наумов Алабакот ја напаѓа и освојува Крушевската касарна. По освојувањето на градот Крстев со својата чета се бори заедно со четите под раководство на Питу Гули во падините на Крушево и одбиваат 6 турски напади кои завршуваат со огромни губитоци за Турците. По Илинденското востание, Блаже Крстев е еден од малкуте што остануваат меѓу народот и прават подготовки за новата борба. Во крајот на 1904 година се вклучува во четата на неговиот соборец од востанието Иван Наумов Алабакот и заминуваат заедно во Велешко за да се борат против четите на Српскиот четнички покрет кои се појавуваат таму веднаш по Илинденското востание. Во 1905 година заедно со големата здружена чета на Ѓорѓи Сугарев и Иван Наумов Алабакот во Пореч и Азот (Велешко) ја извршуваат познатата акција против Српските четници. По разочарувањето од Младотурците, Крстев продолжува со борбата, формирајќи реонска чета. Загинува на 31 мај 1911 година со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарско.


Четата на Блаже Кртстев и Георги Ралев
Окружните војводи на ВМОРО во текот Младотурската револиција, јули 1908
Телото на Блаже Биринчето

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.