Wednesday, July 27, 2011

Георги Мучитанов-Касапчето



Тој роден 1882 во Крушево. По народност е Влав. Завршил IV клас во романското училиште во Софија. Во екот на Илинденското востание бил во четата на Ѓорче Петров. По востанието учествува во македонското ослободително движење како војвода на чета во Воденско, Негушко и Ениџевардарско. Во 1910 година се приклонува кон Апостол Петков, станува нелегален и станува член на Бугарската народна македоно-одринска револуционерна организација. Загинал на 2 август 1911 кај Крушари, Ениџевардарско, денес Абелие, Грција, заедно со Апостол Петков и Васил Пуфката.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.