македонски доброволци |
По Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата. српска армија. На тој начин, ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Така, македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје-Велес -Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ-Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружила селската милиција и бројни доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригада и со еден жандармериски баталјон. Покрај тоа, македонските доброволци ја известувале српската војска за распоредот и движењето на турските сили, па на тој начин дале силен придонес во протерувањето на турската војска кон Битола. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.
Во некои српски извори пишува:
''Поробените народи на Балканот со своите вооружени акции во рамките на сојузничката војна против Турција значајно придонеле во победата на сојузниците.''
Српските, бугарските и грчките историчари го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. Овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.