Sunday, July 24, 2011

Дамјан Груев

Дамјан Груев

Даме Груев (Дамјан Груев, Дамјан Јованов - Даме) (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906)
Груев е роден во 1871 г. во Смилево (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото Селци. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното место - селото Смилево, демирхисарско, до четврти клас учи во Битола а потоа во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.


Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун. Избран е за секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена „по пример на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето по примерот на Ботев, Левски, Бенковски“. 


Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува Македонија во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на Уставот.
 


На Смилевскиот конгрес во почетокот на мај 1903 година Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ на кој конгрес е донесена и официјализирана нова стратегија и тактика на востанието. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на востанието. 


Тој бил најмногу задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со Ѓорги Сугарев ја раководат одбраната на Смилево. На 14 август одбраната на Смилево е пробиена и востаниците биле принудени да се повлечат по високите места на Бигла планина. Во востанието и по него заедно со народот ги споделува последиците од него.
 
Дамјан Груев,Мише Развигоров,Ефрем Чучков и Атанас Бабата
Даме Груев убиен во 1906 година

Гробот на Даме во Русионово

Hа 23 декември 1906 година, заедно со своите верни другари Сандо Китанов, Георги Карчев херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново. Коските на тројцата храбри борци биле погребани во еден гроб во дворот на Русиновската црква.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.