Дедо Иљо Малешевски |
Илија Марков Поп-Георгиев или Дедо Иљо Малешевски, познат и како Иљо Војвода е македонски револуционер (роден е 1822, Берово - 17 април 1898, Ќустендил), учесник во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско) (1878) Востание. Во Република Бугарија тој се смета за бугарски револуционер.
Дедо Иљо Малешевски учествувал во секоја војна против Турската власт, борејќи се и на српска и на руска страна. Доделен му е медал за заслугите во Руско-турската Војна, во која војна учествува со отред кај Ловешко. Во Српско-бугарската војна четата на Дедо Иљо, која на 4 ноември се присоединува кон Радомирскиот отред набројува 120 души. За заслуги во војната е награден со највисокото воено одликување во Царство Бугарија - златен крст „За храброст“. Во Сан Стефано е член на бугарско-руската делегација по потпишувањето на Санстефанскиот Договор и создавањето на Санстефанска Бугарија како независна држава. Tаму е награден и со уште еден орден „За храброст“. Се борел цел живот во разни битки се до крајот на XIX век, умирајќи од старост. |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.