Saturday, July 23, 2011

Oсновачите на МРО

основачите на МРО
Имињата на револуционерите горе од лево кон десно:
Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско
Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш
Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен


Имињата на револуционерите доле од лево кон десно:
Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко
Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско
Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско




Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов созреала идејата дека само една организација може да го пресече патот на пропагандите. Почнал да бара лица кој би можеле да му помогнат во оформувањето на таквата организација, и такви луѓе, во тој момент видел во Димитар Цонев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев. Оформувањето на организацијата било одложено, бидејќи биле малкумина, но идејата не ја напуштиле. Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и притоа ги преставил начелата врз кои требало да со основа организацијата.

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. поради тоа треба да биде тајна.

2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението.

3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Бугарите,Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Бугарите ,Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делови од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија , Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.

4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади.

5. Од Македонците во Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата.
Д. Груев се запозанл и со Антон Димитров. На 21.10/2.11. 1893 година покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев. Се договорил за два дена да имаат нова средба. Всушност била договорена средбата на која била формирана МРО (Македонска револуционерна организација). Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев. На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско]. На оваа средба била разгледана општата состојба во Македонија, и дошле до заклучок дека положбата на населението е неподнослива, за да се подобри потребна е една : планомерна и сериозна акција, и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има.

основачите на МРО

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.