Ѓорѓи Сугарев (1876-1906) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и битолски револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.
Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија во него раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата кон турскиот аскер, а во младинските години таа добила сè поголем размер. Поради големите семејни оскудици Сугарев не успеал да заврши IV. клас во Битолската гимназија.
Ѓорѓи Сугарев пристигнал во Велешко на 25 август 1905 година. Овде се сретнал со војводите Јован Алабакот и Панчо Константинов, кои во тој момент биле во меѓусебен конфликт. Сугарев успеал да ги помири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во Поречјето (Прилепско) и Азот (селата околу Богомила - Велешко). Следните неколку месеци, здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколувале селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на Глигор Соколовиќ. Сугарев во секое село одржувал говор и ја утврдувал наклонетоста на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО на чело со Сугарев, ја избегнувале секоја средба со неа. Сугарев бил немилосрден кон платените агенти на српската пропаганда. Додека бил во Велешко и Прилепско, тој ликвидирал десетина српски агенти - меѓу кои и неговиот сопствен чичко, којшто ја предал здружената чета на турските власти. Два пати четата имала судир со турки аскер. По наредба на Сугарев биле убиени и братот и внукот на Јован Бабунски (водичот на српските четници во Велешко) затоа што ја предале четата. Само еднаш се стигнало до поголема битка меѓу четите на ВМОРО водени од Сугарев и четите на Србите водени од Соколовиќ - на 25 септември 1905 година во село Ореше. Во разгорот на битката пристигнал аскер, и четите биле приморани да се повлечат од битката.
Значењето на престојот на Сугарев во Поречјето и Азот е во тоа што тој успеал да ги капсулира српските четници и да не им дозволи да излезат од Поречјето - затоа што целта на СЧП (Српски четнички покрет) била да го пробие фронтот на ВМОРО и да стигне до јужна Битола, каде би стапила во контакт со грчките андарти, и со тоа ВМОРО да биде парализирано. Во зимата на 1906 година, една српска чета од Поречјето успеала да го пробие обрачот на ВМОРО и да се инфилтрира во Кичевско, со коешто се загрозува Крушевско, Демир Хисарско, Охридско и Струшко. Сугарев веднаш го напуштил Велес и се преместил во Кичевско, каде успешно ја разбил локалната српска чета, и го ослободил Кичевско од четниците на Српската пропаганда.
Пролетта на 1906 година, поради појавувањето на грчки андарти во Мариовско, Битолскиот револуционерен округ му наредил на Ѓорѓи Сугарев да оди во Мариово и да се пресмета со непријателските грчки андарти. Во тоа време, Петар Лигушев, началник на Битолската окружна организација, главно поради лични интереси, започнал на Битолскиот валија да му предава тајни на комитетот. Така, тој на Битолскиот валија му ја предал маршутата на четата на Сугарев која била на пат кон Мариово за пресметка со андартите. Точно кога на утрото на 24 март 1906 година Сугарев пристигал во село Паралово, кон селото се испратила илјадна војска која го опколила селото. Следувала битка, која траела цело попладне]. Жртвите на Турците биле големи, но четата немала возможност да го скрши обрачот. Гледајќи дека нема излез, Ѓорѓи Сугарев ги истрошил сите куршуми, а со последниот се самоубил. Со него загинала и целата негова чета од 21 комита. Ѓорѓи Сугарев е еден од мнозината скромни и предани дејци на македонското ослободително дело кои што загинале со оружје во рака сред виорот на нерамната борба против непријателите на потиснатиот македонски роб.
Четата на Ѓорѓи Сугарев |
Во 1901 година, незадоволен од легалната дејност, Сугарев станал четник во демир-хисарската чета на војводата Никола Русински. Истата година, тој бил избран за член на раководното тело на Битолскиот револуционерен округ, и за да може да ја исполнува дадената организациска должност, тој повторно станал учител во Битола. Но шумниот град и арогантните чорбаџии создале презир кај Сугарев. Градскиот живот не го задоволувал неговиот боречки карактер. Тој ја напуштил Битола и со неколкумина другари започнал нелегална дејност во Битолската околија. Тој го челичи револуционерното сознание сред своите четници и, следствено, мнозина од нив стануваат војводи. Сугарев оди секаде каде што се чувствува потреба од неговата организаторска вештина. Тој ги посетил скоро сите села во Демир-хисарско, Кичевско, Ресенско, Крушевско и Поречјето.
Сугарев учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Тој бил назначен за горски началник во Битолско. Востанието го затекнала Сугарев во селата околу Битола. Уште од самиот почеток на востанието на 2 август 1903 (20 јули стар стил), војводата Сугарев учествувал во заземањето на селата околу Битола. Цели 3 месеци здружените чети под негова команда војувале против многубројниот противник. Водејќи десетици жестоки битки против осмалиската војска, тивкиот, скромниот и секогаш молчеливиот челичен борец создал легенди за него сред локалното население. Тој се претворил во легенда за време на битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст, тој на својот народ му дал пример како се војува за својата земја.
По крајот на Илинденското востание, голем број на комити и војводи побегнале во Бугарија. Сугарев бил еден од малкуте раководители кои останале во нивните реони. По востанието, Битола и револуционерниот округ на организацијата се наоѓале во завидна состојба. Неколку раководители го наметнувале и прашањето околу можноста за распуштање на округот, но Сугарев бил еден од првите следбеници на Даме Груев, којшто со стоицизам ја преживеал страшната катастрофа. Тој сочувствувал со болката на својот народ. Во еден свој говор тој истакнал дека: „Ако Турците сега успеаа да го задушат востанието, при друг случај не ќе можат да го сторат тоа и ќе дојде ден голем, во којшто ќе изгрее, како ѕвезда зорица, саканата слобода на македонскиот народ. После востанието, Сугарев најмногу работел на борбата против грчката и српската пропаганда во Македонија. По неколку успешни акции против гркомански и грчки чети во Битолско, по барање на Велешката организација, Даме Груев го испратил Сугарев во Велешко, за да внесе една поинтензивна борба против српската пропаганда.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.