Tuesday, July 26, 2011

Митре Панџаров – Влаот


Вo плејадата борци - револуционери од историско минато на Македонија, се вбројува името на Митре Панџаров,кој како човек и борец оставил длабоки траги во спомените на луѓето од Kостурско.
Во некои извори Митре е познат како Митре Влаот,овој прекар го добил одтаму што во младите години работел како овчар во влашките семејства поради што го завикале Влашето,но во сите документи тој си го користел целосното име и презиме.

По Илинденското востание Митре бил единствениот војвода во Костурско кој што останал на теренот и не се повлекол никаде,и пред да се донесат директиви за дејствување од окружниот комитет тој останал војник на својата борбена позиција.Во почетокот на 1904 год.формирал нова чета од 5-6 луѓе а наредните денови четата се проширувала.Битолскиот окружен комитет на ВМРО го поставил за околиски војвода.Тој освен против турците бил и во борба со грчките бооружени чети кои спроведувале терор во македонските села.


Грчките чети подеднакво ги сметал за непријатели,бидејќи нивното доаѓање не значело да ја ослободат Македонија од османлиската тиранија,туку за разбивање на македонското револуционерно движење,и за создавање услови за нејзино приклучување кон грчката држава.Митре бил огорчен и ги сметал за предавници оние македонци кои за пари се продавале и преминувале во служба на грчката кауза.Грчката црква правела постојани напори да се потисне револуционерното движење,грчките попови доследно ги почитувале наредбите на Каравангелис кој 6 год. кроел планови како да го ликвидира војводата Митре.Каравангелис кога дознал дека војводата се наоѓа во жупанијата изнајмол близок негов човек по име Христо (кој бил верен доставувач на информации на војводата) да командува со една турска чета а првенствена задача му била да го донесат војводата жив или мртов.Многуброен турски аскер го опколил селото,војводата Митре ја водел полседната битка,се борел до последниот здив и загинал достоинствено заедно со целата своја чета.



Изреката која војводата често ја користел:ОД ДУШМАНСКИ КУРШУМ НЕ СЕ ПЛАШАМ,НО СЕ ПЛАШАМ ОД ПРЕДАВНИЧКИ ЗБОР ОСОБЕНО КОГА ТОЈ ДОАЃА ОД ЧОВЕКОТ НА РОДОТ МОЈ.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.