Thursday, July 28, 2011

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација - BMPO


Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО (Автономистичка) е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.
Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федеративната партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО, прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското Прашање.
На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 година ги организира “Магарешките атентати“. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.
значка/кокарда на ВМРО

значка/кокарда на ВМРО

значка/кокарда на ВМРО

значка/кокарда на ВМРО

значка/кокарда на ВМРО

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.