Трајко Китанчев првиот претседател на Македоскиот Комитет |
Трајко Цветков Китанчев (1 септември 1858 - 13 август 1895 бил поет, есеист, публицист, преведувач, општественик, прв претседател на Македонскиот врховен комитет во Софија. Бил народен пратеник во Бугарското народно собрание.На рана возраст заминал во Цариград, каде што му помагал на татко си, којшто се занимавал со градинарство. Во турската престолнина го посетува бугарското училиште Кирил и Методиј. Учител му е големиот бугарски преродбенски деец и поет Петко Р. Славејков. Подоцна грижи за неговото школување пројавил митрополитот Натанаил Кучевишки, кој му овозможува школувањето да си го продолжи во Русија (1875), со стипендија од Руската влада. Најпрвин учи во Одеса а потоа во Киев, каде што ја завршува Духовната академија во 1879 година. Во учебната 1879/80 година студирал правни науки на Московскиот универзитет.
Поради нарушеното здравје се враќа во Бугарија, каде што учителствува во неколку градови (Пловдив, Габрово, Трново, Софија). Во текот на учебната 1882/83 престојува во Солун како професор во Солунската егзархиска гимназија.
Како пројавен русофил, влегува во конфликт со бугарскиот кнез Фердинанд, за што е прогонуван и осудуван. Од 1884 до 1894 година бил пратеник во Бугарското народно собрание.
Бил редовен член на БДК (БАН) од 1884 година. Пишувал на бугарски и на македонски јазик. Автор е на две поеми за Марко Крале и на четириесетина песни, преостанати од поголемиот број стихотворби што во миг на депресија ги фрлил во Егејското Море. Познат бил како извонреден оратор. Го превел на бугарски јазик романонот Дон Кихот од Сервантес.Своето образование го започнал во бугарското училиштево при црквата Св. Стефан во Цариград, каде што татко му Цветко бил на печалба. Тука започнала неговата животна одисеја - пробивањето во туѓи општествени средини. Подоцна, тој заминува на школолување во Киевската духовна семинарија, па се запишува на правни науки на Московскиот универзитет, но ги прекинува студиите и оди во Бугарија.
Во 1881 година како учител работел во Петропавловската семинарија. Во 1882 година учителствувал во Солунската гимназија каде бил отпуштен поради пројавените симпатии кон македонското дело. Китанчев зедно со Директорот на гимназијата Божил Рајанов побарале поголема автономија за училиштето и се спротиставиле на: карактерот на образованието и методите на наставата.
Тој во црквата Св.Кирил и Методи во празничните денови држeл проповед на чист македонски дијалект, секогаш завршувајќи со паролата: Браќа има крај на теглото, на неволјите. Амин!.
На тој начин револуционерно го подгревал Македонскиот народ во Солун.Во 1883 година се нашол во Пловдив, каде работи како учител, а во 1884 годинан во Габрово. Во учебната 1884-85 година работи во гимназијата во Софија, но работата ја прекинал и заминал на лекување во Виена. Потоа работел како училишен инспектор во Трново.
Во Трново ја започнал својата политичка кариера. Истата година станува редовен член на Бугарското книжевно друштво (денес „Бугарска академија на науките“). По повод убиството на министерот Белчев бил неправедно затворен на тригодишен затвор што ги издржувал по разни затвори. По излегувањето од затвор, повикан од македонската емиграција земал учество во работата на нивното собрание, при што се залага за создавање на единство помеѓу македонската емиграција. Бил близок пријател на Петко Каравелов и Демократската партија и во 1887 година бил избран за пратеник во Народното собрание на Бугарија.По иницијатива на Млада македонска книжевна дружина на 29 декември 1894 година во Софија се одржал собир на македонската емиграција притоа присуствувале 66 делегати и бил конституиран Македонскиот Комитет, да не се меша со Врховен македонско-одрински комитет, подоцна МК, Младат македонска дружина и Братскиот сојуз ќе го сочинуваат јадрото на идниот Врховен македонско-одрински комитет.
На 27 декември 1894 година се формира македонското емигрантско друштво Братски сојуз , а Китанчев кој го одбил претседателствувањето со МК, бил избран за претседател на Братскиот сојуз и започнал со организирање и испраќање на чети во Македонија. Во меѓувреме на 19 март 1895 се одржува І македонски конгрес на македонската емиграција и доаѓа до обединување на македонските друштва во рамките на Македонскиот комитет подоцна познат како Врховниот македонско-одрински комитет во Софија.
Китанчев станува негов претседател и се зафаќа со подготовака на таканареченото Мелничко востание, притоа Китанчев ќе има соработка со бугарскиот премиер Константин Стоилов и со бугарскиот кнез Фердинанд I кои дале подршка за акцијата и која ќе заврши без некој поголем успех. Акцијата на МК била искористено од бугарската влада за законско признавање на Фердинант за кнез на Бугарија и за зацврсување на меѓународната положба на Бугарија како фактор на Балканот.
Трајко Китанчев починал на 1.08.1895 година (по стар стил) од срцев удар на 38-годишна возраст. Според лекарскиот извештај, Китанчев починал на спиење. Притоа прснала аортата точно на нејзинииот спој со срцето. Било откриено заболување на бубрезите и здрвување на левото белодробно крило. Китанчев бил пронајден следниот ден околу 11 часот од домаќинот на станот.
Трајко Китанчев се смета за еден од најбучните врховисти кои ја прифаќаат бугарската политика по однос на самобитноста на македонскиот народ и македонското прашање. Сепак има ставови меѓу историчарите дека Китанчев без да знае и без да ги разбере намерите на бугарскиот кнез и бугарската влада ја отворил врховистичката ера во Македонија.Македонскиот револуционер - анархист Петар Манџуков во своите „спомени“ вели:
„Председателот на Врховниот македонски комитет во Софија, Трајко Китанчев од с. Подмочани, Ресенско, е еден несомнено чесен човек, којшто за време на Стамболовата диктатура, обвинет за заговор, долги години лежеше по затворите. Бидејќи доцна ја беше сетил таа мизерна игра на кнезот Фердинанд, Kитанчев не можеше да ги поднесе тие поткусурувања со неговата родна земја и со идеалите на Македонците и во месец август 1895 година умре од срцев удар.“
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.