Friday, July 22, 2011

Данаил Николаев

Данаил Николаев вториот претседател на Врховниот Македоски Комитет  


На 28.12.1895 година комитетот испратил писмо ЦК на Македонската Револуционерна Организација во кое се насетваат првите стрмежите на Комитетот да биде главен раководител на целото македонско револуционерно дело. Ова ќе биде потвредно во февруари 1896 година, кога ваквото стијалиште, генералот Николаев го пренесува на Гоце Делчев. Конечно комитетот својата политика кон ВМОРО ја изразува отворено во писмото од 20.03.1896 година во кое било посочено дека организацијата без дозвола на ВМК не смее да презема било каква активност во Македонија. Даме Груев остро протесирал проти оваа писмо, бидејќи меѓу другото стоело дека Груев дал подршка за таквото стојалиште на ВМК и веројатно било лага со цел да се предизвика раздор во ЦК на ВМОРО. Како и да е Комитетот не се откажал од намерата да ја потчини организацијата. По Солунскиот конгрес на ТМОРО, ВМК и понудил на организацијата една мистериозна понуда во која од организацијата се бара да испрати свој преставника во Софија за да биде организиран канал за пренесување на пушки од Анлија. Во Софија заминал Ѓорче Петров, притоа тој имал сердба со генералот Николаев и тој на Ѓ. Петров, му пренел дека Комитетот од англиската влада добило пушки за Македонија и дека тие ќе ги дадат на организацијата. Николаев не понудил никакви конкретни докази за пушките, а од своја страна Ѓ. Петров го известил ЦК во Солун и тој започнал со подгоитвки за пречек на оружјето, но сета работа излегла како блеф. Според некои историчари тоа било обид за потчинување на организацијата од страна на Комитетот. Врховниот Македонски Комитет во овој состав на чело со генералот Николаев својот последен обид за потчинување на организацијата го направил кон крајот на 1896 година кога во Солун се нашол полковникот Јанков. Тој имал средба со членовите на ЦК и нудел пари и оружје, а исто така предложил, ТМОРО и Врховниот Комитет треба да бидаат единствена организација, но неговиот предлог бил одбиен. Јанков пред луѓето од ЦК требал да покаже дека Врховниот Комитет ја има подршката на кнезот Фердинант и има свои официри во армијата.
По оставката на Генералот Данаил Николаев на функцијата претседател на Комитетот, за да стане аѓутамт на кнезот Фердинант, претседателствувањето со Комитетот го презел Јосиф Ковачев, но голем дел од членовите на Комитетот дале оставка и морал да се свика нов Конгрес. Притоа ослабнувањето на ВМК во неможноста да ги собере сите македонски друштва, или барем поголем дел од нив. Тоа се гледа од бројот на делегатите и друштвата кои присуствувале на конгресите. На ЧЕТВРТИОТ македонски конгрес од предвидените 38 друштва требало да присуствуваат 40 делегати, меѓутоа на конгресот имало само 22 делегати од 20 друштва. Слично се случило и на ПЕТТИОТ македонски конгрес, а новите раковотства што биле избрани на овие конгреси не можеле да ја извршуваат својата дејност. Позициите на Комитетот биле уште повеќе ослаабени со одлката на Бугарската влада за трговски агенти во Македонија да бидат поставени видни членови на Врховниот Комитет. Меѓу нив се нашле: Тома Карајовов, Никола Наумов, Димитар Ризов и др. Тие биле поставени за трговски агенти во летото 1897 година, со што уште повеќе била ослабната и онака ослабената позиција на Комитетот

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.