печат на вториот Македонско-Одрински револуционерен округ |
Прилепско:
Прилепските чети, на пример, на 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители. Во прилепскиот реон се борела четата на Крсто Гермов, која била наречена Прилепски летечки одред. Во неа, главно, влегувало месно население и содејствувало со четата на ВМРО на војводата Милан Ѓурлуков. Во Прилепско, на повикот за војна, населението масовно се пријавувало и се формирала месна милиција од повеќе чети. Војводите Мирче и Аргир мобилизирале околу 1.000 милиционери и на 15 октомври 1912 година разбиле еден турски коњанички одред на просторот меѓу Прилеп и Плетвар.
Костур, Лерин, Воден:
На планината Плачковица уште пред објавувањето на војната се појавиле повеќе доброволни селски чети. Пристигнале и неколку водови на ВМРО. Овде се нашле и војводите Георги Поп Христов, Марко Иванов, Павел Христов, Васил Чакаларов, Иван Попов и Христо Силјанов. Оттука се префрлувале кон Тиквеш, кон Гевгелија и за Костурско. Насекаде на четите им се приклучувало месното население, а се воделе и активни борбени дејства. За кратко време биле ослободени повеќе села, а на 20 октомври бил ослободен градот Воден, каде што била воспоставена власт од месното население.
Војводите кои уживале силен авторитет уште од Илинденското востание, па за кратко време била ослободена голема територија на просторот Костур-Лерин-Воден. Во ноември 1912 година, турската војска презела противофанзива кон ослободената територија. Меѓутоа, многубројната селска милиција и партизанските чети на ВМРО во содејство со сојузничките сили (српската и грчката војска) успеале да ја одбијат турската офанзива. Македонските борци беа изложени на големи понижувања, навреди, па и отворени закани од страна на сојузничките команданти. Сепак, по завршувањето на Првата балканска војна на 12 декември 1912 година, четите на ВМРО се повлекле кон Бугарија, четите на месната милиција биле распуштени, а српските и грчките власти паралелно воспоставувале своја власт и воделе преговори за поделба на Македонија.
Кумановско:
Активноста на месната селска милиција особено била значајна во реонот на Куманово, каде што речиси секое село имало своја чета. Во овој реон, селската милиција имала неколку илјади души. Во времето на движењето на турската војска, милициските чети од зад грб ги напаѓале турските позиции. На 10 и 11 октомври 1912 година, кај село Орашец селската милиција ги нападнала позициите на турската тешка артилерија и запленила повеќе орудија. Потоа пристигнала четата на ВМРО со војводата Крсто Лазаров, па во содејство ги нападнале турските сили и на тој начин дале голем придонес во брзиот пробив на српската војска. Во Скопскиот округ дејствувале четите на ВМРО со кои раководел Тодор Александров. Во скопските села била активна селската милиција, која содејствувала со четите на ВМРО.
Активноста на месната селска милиција особено била значајна во реонот на Куманово, каде што речиси секое село имало своја чета. Во овој реон, селската милиција имала неколку илјади души. Во времето на движењето на турската војска, милициските чети од зад грб ги напаѓале турските позиции. На 10 и 11 октомври 1912 година, кај село Орашец селската милиција ги нападнала позициите на турската тешка артилерија и запленила повеќе орудија. Потоа пристигнала четата на ВМРО со војводата Крсто Лазаров, па во содејство ги нападнале турските сили и на тој начин дале голем придонес во брзиот пробив на српската војска. Во Скопскиот округ дејствувале четите на ВМРО со кои раководел Тодор Александров. Во скопските села била активна селската милиција, која содејствувала со четите на ВМРО.
Струмичко:
Во котлината на реката Струмешница се организирало месното македонско население. Се формирала селска милиција од околу 700 души, кои на 19 октомври 1912 година успеале да ги ослободат селата Иловица и Сушица. Потоа пристигнале четите на Лефтеров и на Иван Смоларски, па со заеднички сили на 20 декември разбиле еден турски одред.
На Селечка Планина кај Студенчица прилепската месна милиција, дејствувајќи во тилот на турската војска, успеала да заплени големи количества храна и воен материјал. На планината Бабуна прилепските чети овозможиле српската војска да ги пробие турските позиции на Присад, поради што војводата Ѓурлуков добил лично благодарност од српскиот престолонаследник кнезот Александар. Потоа србите сите чети, без разлика, ги нарекувале бугарски, а војводата Ѓурлуков го прогласиле за штетен за српската политика, па го затвориле.
На почетокот Јане Сандански е против тоа да се учествува во балканските војни, но големото разочарување што го доживеал од Младотурците и бесната пропаганда што ја покренуваат новопечените балкански сојузници против Турција, придонеле тој да го смени својот став.
Долината на реката Струма:
По долината на реката Струма борба развиле и четите на Христо Чернопеев, со бројна состојба од 70 души. Кон оваа чета пристапиле и водови на Георги Занков, Стефан Чавдаров и Михаил Чаков, со вкупно 35 четници. Потоа им се придружила и четата на Таско Стоилков, со што се создало јадро од 150 четници. Со оваа чета командувал Христо Чернопеев, а бројната состојба постојано се зголемувала од селската милиција. Првата воена акција на четата се водела за ослободување на Банско. Потоа, на 27 октомври 1912 година, четата на Чернопеев заедно со четите на војводите Пејо Јаворов и Јонко Вапцаров ја ослободиле и Кавала.
Ослободување на Охрид:
Во Охридскиот реон дејствувала четата на окружниот војвода и член на ЦК на ВМРО, Петар Чаулев. Покрај неговата чета во Западна Македонија, односно во Дебарца, во Кичевско, во Малесија и во Демир Хисар, се бореле четите на војводите Дејан Димитров и Стефан Атанасов. Тие, исто така, содејствувале со бројните месни чети на селската милиција. Во содејство, овие сили до 10 октомври ги ослободиле речиси сите наведени места, а на 15 октомври 1912 година, четата на Атанасов во заседа заробила 250 турски војници.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.