Monday, July 25, 2011

Солунските атентатори-Гемиџиите




Постојат повеќе верзии за тоа како Кружокот го добил името Гемиџии. Една од нив е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море со што или ќе успеат да го извадат на брегот или ќе го разбијат од карпите, односно нема да успеат.
Повеќето биле младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Оформувањето на кружокот бил во дирекна врска со дејноста на членовите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Славе Мерџанов еден од дејците на овој Комитет успеал во Солун да придобие неколку ученици од Велес, а меѓу нив биле: Јордан Поп Јорданов (Орцето), Константин Кирков, Илија Трчков, Тодор Богданов, Владимир Пингов и други.
Во текот на три месеци Мерџанов успеал да ги рашири анархистичките идеии меѓу нив и врз основа на тие идеии оваа група почнала да се оформува. Како анархисти тие манифестирале индивидуалност и независност и биле критички настроени кон останатите организации како што била Македонската револуционерна организација.
Тие сакале со малку човечки животи да постигнат големи резултати.
Оваа група која е позната како Гемиџии сметала дека резултатите можат да се постигнат преку загрозување на интересите и капиталот на големите сили во Отоманската Империја, а преку нападите и човечите жртви самата империја да се држи во незивесност.
Врз основа на овие принципи кон групата се присоединиле и Тодор Органџиев, Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Георги Богданов, Павел Шатев, Димитар Коштанов и Марко Бошнаков. На тој начин Славе Мерџанов успеал да создаде терористичка ќелија во Солун.

Солунски атентати:
Нападите започнале на 15 април 1903 година со експлозијата на парабродот Гвадалкивир, експлозивот бил поставен од Павел Шатев. Истата вечер Арсов, Мечев и Трчков поставиле експлозив на возот кој се обраќал Цариград-Солун, оштетувањата биле мали.
Константин Кирков на 16 април поставил мелинит под мостот каде минувале цевки од гасовод кој бил за осветлување и градот се нашол во темнина. Потоа Трчков и Мечев се обиделе да го кренат во воздух главниот резервоар во фарбриката за осветлување но биле спречени од чуварот.
Јордан Поп Јорданов го заплил фитилот со што ја разнесол Отоманската банка. Трчков и Мечев по неуспекот се разделиле, а Трчков активирал една бомба во поштата додека пак Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет.
По нападите тие двајца се забарикадирале во своето живеалиште и речиси цела ноќ се бореле со жандармеријата и војската, пред да се самоубијат тие фрлиле околу 60 бомби. Меѓутоа нападите продолжиле: Милан Арсов фрлил бомба во кафаната Алхамбра, Кирков фрлил бомба кај Гранд Хотел, Пингов се обидел да го потпали Бошњак ан по што бил убиен, а Богданов фрлил една бомба пред кафаната Ноњо.
Ноќта на 16 април наспроти 17 април одекнале неколку експлозии, а тогаш загинале Трчков, Мечев и Пингов. На 17 април Јордан Поп Јорданов почнал да фрла бомби од својот стан по што се самоубил.
Истиот тој ден Цветко Трајков направил обид за убиство на солунскиот валија Хасан Фехми-паша но неуспеал по што извадил една бомба ја активирал, седнал на неа и се разнел пред очите на валијата. Последната акција била изведена од страна на Кирков кога се обидел да активира бомба во телеграфската станица но бил прободен од стражарот.
  

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.