Знаме на Крушевската Република |
По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу ги обиколувал селата. Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе. На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини. Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме. Утрото на 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат на милоста на султанот. Заедно со пораката дошол и ултиматумот дека доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам, додавајќи дека тој го смирил Косово и е кадарен да го смири Крушево. Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции. Наум Томалевски знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.
Еден од учесниците во битката убаво се сеќава:
Потоа Ѓорѓи знаменосецот го раздипли свиленото црвено знаме и го забоде во земјата близу до себе и до двајцата свои наследници - знаменосци. Ја изгореа сета архива, се испрегрнавме и избацивме и фативме позиции во каменестото место. Питу беше во средината. Чекавме да наближат Турците. По сигналот од војничка труба, непријателот тргнал во жесток јуриш, но бил запрен од плотуните на востаничките пушки и бомби.
Крушевска Република била првата република на Балканскиот полуостров и е создадена за време на Илинденското востание. Востаничката власт во Крушево траела 10 дена - од 3 до 13 август 1903 година и е најголемиот успех што македонските востаници го постигнале за време на Востанието.
Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - бившиот офицер Тодор Христов кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и друг...ите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот. Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи.
Секоја група имала точно определена задача: една да ги заземе установите, друга да ги држи најважните пунктови во градот и околината, а трета да служи како резерва на Штабот и т.н. Пред почетокот на нападот Штабот на Крушевските востаници на чело со Никола Карев, испратил Окружно до раководителите на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските бојни групи, кои се известуваат за востанието и се повикуваат на борба.
На 4 август во градот влегува Штабот на Крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Народна Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.
Таа влада била формирана со учество на сите народносни групи во градот: Македонци, Власи, Албанци. Во привремената влада биле застапени следните ресори: внатрешен ред - Глигор Д. Божинов (Македонец); исхрана - Тома Марков (Македонец), Алекси Колев, Ташко Вангелов (Гркомани) и Никола Бујаров (Албанец). Претседател на владата бил Вангел Дину (Влав).
Задушување на востанието:
Првата задача на турската армија била да си го поврати Крушево. Тоа им успева со армијата од 18.000 луѓе, под команда на Бахтијар - паша. Дел од заштитениците на Крушево, предводени од прославениот војвода Питу Гули..., изгинале херојски во нерамна борба кај Мечкин Камен, а другите востаници се повлекле во планините.
Турската војска со артилерија ги урнала утврдувањата подигнати од востаниците и со топови го бомбардирала градот. Во екот на борбите по наредба на Штабот, околу 15.000 население, го напушта градот и се крие во блиските планини. Во запалените и урнати куќи загинуваат 20 жени и 6 деца бидејќи не успеале да побегнат од градот. На незапалените куќи, на 13 август биле истакнати бели знамиња, симболизирајќи го крајот на 12 дневната Крушевска Република. Борбата била завршена. Изгорени биле 159 куќи. Загинале 100 турски војници и 91 востаник.
Востаничкиот штаб во Крушево (1903) |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.