Атанас Иванов Димитров, наречен Бабата, е револуционер,учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Атанас Бабата е роден во село Синитево, близу до град Пазарџик. Рано останува сирак и се насочува кон шивачкиот занает. Работи како калфа во Пазарџик, а подоцна во Софија.
Неговите врсници го нарекуваат Бабата заради неговото крупно тело и најмногу заради неговата голема глава. Во Софија темпераментниот млад човек влегува во Унтерофицерското училиште и во 1897 година станува член на ВМОРО.
Атанас Бабата, заедно со Марко Лерински, Христо Чернопеев и Михаил Апостолов – Попето, е еден од луѓето кои Гоце Делчев ги испраќа како први воени инструктори во Македонија.
Во 1897 година Атанас Бабата се вклучува во четата на Антон Бозуков и заедно со четите на Гоце Делчев и Кочо Муструкот ги обиколуваат Драмско и Серско, за да го организираат населението и да собираат средства за ВМОРО.
Во почетокот на 1901 Атанас Бабата веќе е помошник војвода во четата на Петар Јуруков, која дејствува во Тиквешко, а подоцна истата година веќе е назначен за самостоен војвода.
Учествува во прочуената Афера Мис Стон заедно со Христо Чернопеев, Јане Сандански, Сава Михајлов, Крсто Асенов и Андон Ќосето, која дава голема популарност на македонската борбата пред европската општественост.
За време на Илинденското востание четата на Атанас Бабата дејствува во Кратовско, каде води неколку тешки борби со многуилјадна турска војска.
По востанието Атанас Бабата се враќа во Софија заедно со поголем дел од раководителите на Организацијата. Меѓутоа уште во март 1904 година тој повторно влегува во Македонија како предводник на чета.
Тоа се првите чети, кои Организацијата ги испраќа во Македонија по востанието – четата на Боби Стојчев – за Скопско и на Атанас Бабата – за Кратовско.
Во новата ситуација по Илинденското востание, Организацијата започнува повторно да ја возобновува револуционерната мрежа и да создава комитети. Основниот проблем, кој се исправува пред Атанас Бабата е засилената српска пропаганда во Кратовско.
Србоманите се ставени потполно во услуга на турските власти и многукратно ги предаваат четите на Организацијата. После едно такво предавство на 11 јули 1904 година четите на Атанас Бабата, Славејко Арсов и Стојан Донски се опколени кај село Горно Ѓугјанци, Светиниколско.
Борбата продолжува шест часа. Турците употребуваат артилерија и кавалерија, но четите успеваат да го пробијат кордонот и да се извлечат, при што загинуваат 20 четници, а ранетиот војвода Славејко Арсов се самоубива.
Малку подоцна српската шпионска мрежа е откриена, донесени се смртни пресуди, кои се исполнети од кратовската чета на Атанас Бабата.
На 2 јануари 1905 година над село Кнежево, Кратовско, се спроведува конгрес на Скопскиот револуционерен реон.
За членови на окружното раководство на Скопскиот реон се избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто Б’лгаријата, Мише Развигоров и Атанас Бабата.
На 25 јуни 1905 година меѓу селата Куклица и Пендак кратовската чета на Атанас Бабата попаѓа на турска потера. Војводата ја изнесува четата од 21 души на врвот Видин и зазема одбрамбена позиција.
Врвот е опсаден од неколку илјадна турска војска и башибозук. Борбата започнува околу 10 часот изутрината, но и покрај нерамноправноста на силите, четниците ги одбиваат сите напади.
Од Куманово пристигнува и кавалерија од два ескадрона, но и таа не успева да ги преземе позициите на револуционерите. Подоцна од Куманово доаѓа и планинска артилерија, која започнува да стрела кон врвот и положбата на четата станува критична. Нападите на аскерот се обновени, но комитите ги одбиваат. Најкритичниот момент настанува кога привршуваат патроните.
Тогаш четниците ги кршат своите пушки, ја уништуваат архивата и ја зачувуваат последната бомба за себе си. Нерамната борба завршува со херојска саможртва, слична на борбата на Ножот. За да не паднат живи во рацете на турците четниците самите се детонираат.
Последен ја активира својата бомба војводата. Атанас Бабата дејствува како револуционер во Македонија осум години и неговиот придонес во борбата за слободата на Македонија е неоспорен. Од 1897 до 1905 година Атанас Бабата организира 15 револуционерни реони во Македонија.
Неговата чета води повеќе од 30 борби со турците. Еве ја карактеристиката, која му ја дава неговиот соборец и деец на Организацијата Стефан Аврамов:
"Бабата беше една од крупните фигури на ослободителното движење. И каква вера имаа во него Гоце, а потоа и Даме! Со својата неисцрпна енергија и свеж дух тој ја будеше од вековен сон поробената раја и и’ вдахновуваше живототворен ентузијазам за борба и вера во започнатото ослободително движење... Неговата челична структура, неговиот добар дух и неговата творечка енергија не му даваа одмор. Тој не знаеше што е замор. Неговата смелост и решителност се ретки во историјата на македоно-одринското ослободително движење."
Во 1897 година Атанас Бабата се вклучува во четата на Антон Бозуков и заедно со четите на Гоце Делчев и Кочо Муструкот ги обиколуваат Драмско и Серско, за да го организираат населението и да собираат средства за ВМОРО.
Во почетокот на 1901 Атанас Бабата веќе е помошник војвода во четата на Петар Јуруков, која дејствува во Тиквешко, а подоцна истата година веќе е назначен за самостоен војвода.
Учествува во прочуената Афера Мис Стон заедно со Христо Чернопеев, Јане Сандански, Сава Михајлов, Крсто Асенов и Андон Ќосето, која дава голема популарност на македонската борбата пред европската општественост.
За време на Илинденското востание четата на Атанас Бабата дејствува во Кратовско, каде води неколку тешки борби со многуилјадна турска војска.
По востанието Атанас Бабата се враќа во Софија заедно со поголем дел од раководителите на Организацијата. Меѓутоа уште во март 1904 година тој повторно влегува во Македонија како предводник на чета.
Тоа се првите чети, кои Организацијата ги испраќа во Македонија по востанието – четата на Боби Стојчев – за Скопско и на Атанас Бабата – за Кратовско.
Во новата ситуација по Илинденското востание, Организацијата започнува повторно да ја возобновува револуционерната мрежа и да создава комитети. Основниот проблем, кој се исправува пред Атанас Бабата е засилената српска пропаганда во Кратовско.
Србоманите се ставени потполно во услуга на турските власти и многукратно ги предаваат четите на Организацијата. После едно такво предавство на 11 јули 1904 година четите на Атанас Бабата, Славејко Арсов и Стојан Донски се опколени кај село Горно Ѓугјанци, Светиниколско.
Михаил Ганчев, Пандо Шишков, Сотир Атанасов, Боби Стојчев и Атанас Бабата |
Борбата продолжува шест часа. Турците употребуваат артилерија и кавалерија, но четите успеваат да го пробијат кордонот и да се извлечат, при што загинуваат 20 четници, а ранетиот војвода Славејко Арсов се самоубива.
Малку подоцна српската шпионска мрежа е откриена, донесени се смртни пресуди, кои се исполнети од кратовската чета на Атанас Бабата.
Четата на Атанас Бабата |
На 2 јануари 1905 година над село Кнежево, Кратовско, се спроведува конгрес на Скопскиот револуционерен реон.
За членови на окружното раководство на Скопскиот реон се избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто Б’лгаријата, Мише Развигоров и Атанас Бабата.
Зборната чета на војводите Ефрем Чучков, Мише Развигоров, Атанас Бабата, Стефан Димитров, Крсто Б’лгаријата, Петар Ангелов, Коста Нунков и други. |
Врвот е опсаден од неколку илјадна турска војска и башибозук. Борбата започнува околу 10 часот изутрината, но и покрај нерамноправноста на силите, четниците ги одбиваат сите напади.
Од Куманово пристигнува и кавалерија од два ескадрона, но и таа не успева да ги преземе позициите на револуционерите. Подоцна од Куманово доаѓа и планинска артилерија, која започнува да стрела кон врвот и положбата на четата станува критична. Нападите на аскерот се обновени, но комитите ги одбиваат. Најкритичниот момент настанува кога привршуваат патроните.
Тогаш четниците ги кршат своите пушки, ја уништуваат архивата и ја зачувуваат последната бомба за себе си. Нерамната борба завршува со херојска саможртва, слична на борбата на Ножот. За да не паднат живи во рацете на турците четниците самите се детонираат.
Последен ја активира својата бомба војводата. Атанас Бабата дејствува како револуционер во Македонија осум години и неговиот придонес во борбата за слободата на Македонија е неоспорен. Од 1897 до 1905 година Атанас Бабата организира 15 револуционерни реони во Македонија.
Неговата чета води повеќе од 30 борби со турците. Еве ја карактеристиката, која му ја дава неговиот соборец и деец на Организацијата Стефан Аврамов:
"Бабата беше една од крупните фигури на ослободителното движење. И каква вера имаа во него Гоце, а потоа и Даме! Со својата неисцрпна енергија и свеж дух тој ја будеше од вековен сон поробената раја и и’ вдахновуваше живототворен ентузијазам за борба и вера во започнатото ослободително движење... Неговата челична структура, неговиот добар дух и неговата творечка енергија не му даваа одмор. Тој не знаеше што е замор. Неговата смелост и решителност се ретки во историјата на македоно-одринското ослободително движење."
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.