Tuesday, July 26, 2011

Апостол Петков Терзиев

Апостол Петков Терзиев
Апостол Петков Терзиев е роден во селото Бојмица (Гевгелиско), Македонија, (денес Аксиуполи, Грција). Потекнува од стариот арамиски род Терзиеви. Неговиот поголем брат Митре Терзиев, како арамија ја обиколувал Пајак Планина, а неговиот помал брат Тано Терзиев и братучедот Антон Терзиев заедно со него се одметнуваат, а подоцна загинуваат како комити на ТМОРО, а според некои извори гркоманскиот капетан Гоно Јотов му бил прв братучед. Апостол Петков на 22 - годишна возраст, во 1892 година ја напуштил кантонерската работа на железничката линија Солун-Скопје, го продава стадото на својот татко и со парите купува оружје, по што со неговит брат Тано се одметнуваат во областа Бојмија. Бил неук, но по природа бил интелигентен. Ги избегнувал учителите нарекувајќи ги чонголи, но не зашто бегаше од светлината на разумот, туку зашто претпочиташе дела и практични решенија.
А. Петков по темперамент бил подвижен, храбар и предвидлив. Во тој период во истата област и Пајак Планина се појавува и Иванчо Оџаров Карасулијата кој исто така дејствувал со своја дружина. Апостол Петков и Иванчо Карасулијата ќе ги здружаат силите и како арамии ќе дејствуваат во Бојмија се до 1897 година. Нивната чета била поставена врз полуајдучка основа, покрај грабежите, таа никнала како одговор на злоделата на разбојничките банди и дејствувала како заштитник на мирното население. 


Во првата половина на 1897 година, областа Бојмија и тамошните села биле посетени од Дамјна Груев, тогаш тој ги поканил Апостол Петков и Иванчо Оџаров Карасулијата да се покорат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела. А. Петков и Карасулијата биле покрстени од страна на поп Стамат Тончев. Четата на А. Петков била прва чета на ТМОРО во Солунскиот вилает во неа влегле: брат му Тано, братучет му Андон, Михаил Апостолов - Попето, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков. Во четата привремено влегувал и учителот Аргир Манасиев. 


Областа Бојмија во 1897 година на двапати била посетена од Гоце Делчев, најверојатно неговата посета била поврзана со четата, а тој со себе го донел и Михаил Апостолов - Попето, кој требало да се запознае со теренот и да изврши влијание врз четата, која била поставена врз полуарамиски начела. Четата на Апостол Петков своето борбено крштевање го имала кај селото Грубевци, кога аскерот кој одел од Солун кон Гуменџе бил растеран, а четата немала жртви. Овој судир го прославило името на војводата и неговата чета и закрепнал духот на населението. Во 1898 година во Гевгелија, Апостол Петков е иницијатор за ликвидација на Ристо Наумовиќ - Цицо, убиството било извршено од старна на терористите од градот. Во април 1900 година од четата на Михаил Апостолов се одвоиле 8 души, тие образувале нова чета, тоа била Ениџевардарската чета под водство на Апостол Петков. Оваа чета на 12.08. 1900 година (стар стил) го ликвидирала внукот на Демир-субашата од с. Тумба, кој бил голем злосторник. Кон крајот на 1900 година бил направен обид за ликвидација на Ангелакис Секелариос, грчки лекар и пропагтор во Гуменџе. А. Петков неколкупати го предупредувал Ангелакис, но тој ги отфрлил предупредувањата. А. Петков му поставил неколкупати заседа но неуспеал да ја изврши казната. 


Подоцна Ангелакис ќе биде ранет и ќе замине за Солун. По Солунската афера, во четата на Апостол Петков како секретар бил назначен Аргир Манасиев, тој подоцна ќе формира своја чета и воспоставил соработка со А. Петков и зедно ги обиколувале селата: Купа, Ливада, Борислав, Лугунци, Ошин, Ума и други. Двајцата воспоставиле контакти со неколку гркомани и турци. Меѓу турците се нашле Емин - ага од Бојмица, Кара Ибраим од Мајадаг, Амши од Мачуково, Хаџи Мустафа-ефенди и Абдул Селим од Гевгелија.

четата на Апостол Петков Терзиев


Учество во Илинденското востание

Додека траеле подготовките за востанието, Апостол Петков со својата чета на 24.02.1903 година, во селото Бијмица бил опколен од аскерот. Тој наверемено бил известен од селаните и имал можност да го напушти селото но одлучлил да се бори и ја поделил својата чета на два дела. Едната под негова команда, а другата под команда на Антон Иванов. Борбата траела цел ден, по што четата успеала да се пробие. Тогаш загинал и неговиот брат Тано Петков Терзиев. Од турска страна загинале онбашијата и еден војник. Подоцна се рабрало дека четата бил предаден од гркоманите од село Крива, а на предавниците им биле запалени куќите.Пред избувнувањето на востанието, А. Петков со својата чета во Ениџевардарско имал судир кај селото Постол,во овој судир учествувале и четите на Крсто Асенов и Трајко Јотов. По судирот А. Петков и Асенов заминале кон село Корнишор. Во тамошната црква на Илинден биле осветени Кукушкото и Ениџевардарското знаме. Во меѓувреме дошло до убиството на Асенов и почетокот на востанието во Ениџевардарско било одложено. Подготовките за востанието во таа област ги презел Апостол Петков.
мртвите тела на Апостол Петков,Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки
По Младотурската револуција во 1908 година, А. Петков излегува од илегала, но се разочарува од политиката на младотурците и од страв да не биде предавнички убиен, Апостол Петков бега во Бугарија. Во 1910 година влегува повторно со чета во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров, Христо Чернопеев и ја обновува својата револуционерна активност. На 2 август 1911 година, Апостол Петков Терзиев заедно со војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки, загинуваат во ениџевардарското село Крушари (денес Абелиес, Грција).

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.