Печат на Централниот комитет |
BMOPO - Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација
Македонска Револуционерна Организација (МРО), Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО),Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО)
Македонската Револуционерна Организација ја започнала македонската националноослободителната борба и го предводело населението во Македонија, без разлика на неговата вера и народност, во борбата против Отоманската империја. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија.

1. Организацијата да е тајна и револуционерна.
2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.
3. Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.
4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.
5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.
Некои од членовите на уставот се:
член 1. придобивање на полна политичка автономија на Македонија и Одринско
член 2. да го разбуди сознанието за самозаштита, да шири меѓу него револуционерни идеи преку печатот или усно и да подготви и подигне едно општо востание
член 3. член на организацијата може да биде секој македонец , што не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно во општеството
член 4. Членовите на секој комитет се делат на групи од по еден началник, определен од раководителот. Секој член на групата како и началникот носат по еден број даден од надлежниот комитет
член 5. Организацијата се делела на селски, околиски и окружни комитети
член 6. Централниот комитет ги поставувал управните тела на окружните комитеи, раководството на окружните комитеи ги поставува управните тела на околиските комитети, а раководителите на околиските комитети ги поставувале управните тела на селските комитети
член 7. Секој член на управните тела имал псевдоним
член 8. Централниот комитет има печат за потпечатување на важната коресподенција
член 9. Комитетите имаат тајна пошта
член 10. За следење на делата на внатрешните и надворешните непријатели и за претпазување од нив, секој комитет има своја тајна полиција
член 12. Комитетите ќе се снабдуваат со пари:
- а) од доброволни прилози
-б) од редовни членски вносови
-в) од пари собрани на начин со претходна согласност на Централниот Комитет
член 13. Накажувањето му се определува од месниот комитет и се извршува во согласност со Централниот
член 14. Врз основа на овој устав е изработен детален внатрешен правилник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.