Wednesday, July 27, 2011

Ефрем Чучков


Ефрем Чучков е роден на 21 ноември 1870 година во Штип, Македеонија, тогаш во Отоманската империја. Студирал во Штип, Скопје и во Солунската егзархиска гимназија. По завршувањето на средно образование учителствува во Ново Село, а потоа заедно со Гоце Делчев студирал во военото училиште во Софија. Потоа заедно со него и го напуштил училиштето. 


Дипломирал на педагошкото училише во Казанлак 1896 година и учителства неколку години во Пехчево и Мелник, каде што развива и организациска дејност на Организацијата. Од крајот на 1897 година е нелегален. 


Тој е меѓу организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мишел Развигоров . Кратко време во 1902 година е пунктовен началник во Ќустендил при што бил јавно физички нападнат од врховостите. На 2 јануари 1905 година над село Кнежево, Кратовско, се одржува Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен реон. За членови на окружното раководство се избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто, Мише Развигоров и Атанас Бабата. По смртта на Мише Развигоров во март 1907 година Ефрем Чучков, заедно со Тодор Александров е окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.