Friday, July 22, 2011

УСТАВОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА



‎1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна. 
 
2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението]. 
 
3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делово од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија , Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија. 
 
4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади . 
 
5. Од Македонците во Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата .

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.