Tuesday, July 26, 2011

Александар Турунџев

Александар Турунџев
Александар Турунџев е македонски војвода. Роден е во 1872 година во с. Екши Су (Горно Врбени), Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско.
По одлуката за кревање востание на Солунскиот и нејзиното потврдување на Смилевскиот конгрес, на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието. Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу "востаниците" и "аскерот" учествувал по една половина од вкупниот број.За време на Илинденското востание во Леринско била запазена директивата на Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во Битола донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на 14 ноември 1903 година. Неговото присуство не ги исплашило членовите на ТМОРО во легендарното Екши-Су (Горно Врбени), ниту пак ја запрела организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на Даме Груев, врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - Ѓорѓи Сугарев. Тој не се потчини на амнестијата на Султанот и затоа беше предаден од еден подлец, изрод и платен шпион кој ја злоупотреби неговата доверба.
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.



Александар Турунџев обесен во Битола 18 август 1905 година

Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.