Saturday, July 23, 2011

Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов
Петар Поп Арсов, понекогаш пишуван и како Петар Попарсов (14 август 1868 - 1 јануари 1941) е македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор Прв устав на Македонската револуционерна организацијаот и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.
Роден е во Богомила на 13 август 1868 година. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Философско-историскиот факултет, заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 година созреала идејата за создавање Млада македонска книжовна дружина која го издавала списанието „Лоза“. Набргу, поради својата активност и борба против владата на Стефан Стамболов, Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија и работи како учител во Солун, Велес, Прилеп и по други градови низ Македонија. Во 1893 година во Солун ги поставува темелите на ВМРО. Во 1897 година е осуден на 101 година робија. Амнестиран е во август 1902 година. На Рилскиот конгрес е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО - во Софија.



Неговото национално чувство дојде до израз во 1887 година во Солун со познатиот ученички бунт каде неслучајно беше меѓу првите бегалци од Солун во Белград. Таму брзо се откажа од студиите поради шовинистичката политика на Србите во тоа време. Затоа заминува за Софија за да биде пречекан како “Бугарин”.
Од 1892 година започнува да го објавува и својот дневен печат, списанието „Лоза“. Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ ”На мокров”, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за прв пат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К' ; Г'; Н ; а се исфрлени двогласните букви:Ъ,Ю,Ь, a гласот Ј е предаден во I.
Од 1892 година ја напиша „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ под псевдоним Вардарски. Се смета дека Софија е претставена како Виена во книгата. Оваа книга е единствената од тоа време која ја претставува вистинската непријателска улога на егзархијата во тоа време - како што се вели во делото, улогата на егзархијата е
„да создаваат во Македонија Бугари.“


По почетокот на Балканските војни тој од Софија се повлекува во Велес каде живее илегално. Во 1912 година во Велес пристигнува Димитрија Чуповски каде во договор со него е формирана општа македонска конференција чија цел е да се спречи делењето на Македонија. Требало да се испрати истакната личност пред Лондонската конференција за мир со Турција и да се застапи автономијата на Македонија. До тоа не дошло поради големиот притисок од српските освојувачи. По ова Поп Арсов бил баран од српските власти, а тој за да си ја спаси главата бега во Софија каде со почнувањето на Балканските војни, повеќе не е во можност да се појави во одбрана на својот народ.
Кон 1920 година престанува со политичките активности согледувајќи ја невозможната мисија. Умира на 1 јануари 1941 година во Костнец, Бугарија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.