Wednesday, July 27, 2011

Петар Ацев


Роден е во селото Ореовец, Прилепско. Завршил VI клас во Софија. Од 1897 до 1901 година е учител во Прилеп, Крушево и други места во Македонија. Заедно со браќата Мирче и Георги се вклучува во револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година негов четник е Крсто Гермов, подоцна познат како Шаќир војвода.

На почетокот на 1902 година станува нелегален, а од мај бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и Атанас Иванов. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.
Петар Ацев, заедно со Георги Поп Христов и Лазар Поп Трајков, бил избран за резервен член на Генерал штабот, составен од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов.
По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со Павел Христов и Панде Кљашев, а за легални Милан Матов, Петар Нешев и Михаил Ракаџиев. Ацев водел неколку борби со отомански сили и четите на српската и грчката пропаганда во Македонија.



На 28 јуни 1904 година четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борбата со турски аскер кај село Селце, во која загинува Никола Карандџулов. Во 1905 година Трајко Кралев, Петар Ацев, Ѓуре Спирков и Крсто Гермов имале средба со српскиот ренегат Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедувал да му дозволат да влезе во Македонија.
Во 1907 година учествувал во битката на Ножот заедно со војводите Тане Николов , Иван Наумов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Мирче Најдов.
На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Ефрем Чучков, Аргир Манасиев и Стамат Икономов.
По Младотурската револуција излегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија.
Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото представништво на поранешната ВМРО, а подоцна е член на Илинденската организација.

Починал во Пловдив во 1939 година

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.