Христо Иванов Батанџиев |
Христо Иванов Батанџиев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Христо Батанџиев е роден во Гуменџе, Ениџевардарско. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската општина и Егзархиската Митрополија во Солун.
Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Орагизацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.
По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.
Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското морето од Грците.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.