Sunday, July 3, 2011

Цар Самуил


Цар Самуил (958 - 6 октомври, 1014) е владател што управувал со големото Самуилово царство - Словинија на територијата на денешните Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Тесалија, северна и западна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век.Во почетокот, престолнината на Македонската држава била во Преспа, на островот Ахил, а по прогласувањето на Самуил за цар, престолнина на царството станал градот Охрид.
Самоил успешно се спротиставувал со децении и претставува единствениот водач што го победил Василиј 2 во битка. 
Цар Самуил бил син на кнезот Никола и на Рипсимија која најверојанто била од ерменско потекло. Според Јован Скилица, тoј и неговите браќа се „синови на еден од најмоќните комити во Болгарија“; Стаефан Таронски пак пишува: „Тие биле од ерменскиот народ и по потекло од провинција Дерџан, а императорот Василиј ги префрлил со наемните војски во Македонија да се борат против Бугарите. Но тие се одделиле од императорот на Византија и преминале на страната на царот на Болгарите“. Според историчарот Прокиќ, Никола бил од племето Брсјаци. Антрополошката анализа на неговиот скелет укажува дека се работи за егејско-кавкаски тип на расна припадност. Според оваа анализа, тој бил висок само 1,55 метри (според Н. Ц. Муцопулос). 



Познат како успешен генерал, Самуил освојувал нови територии во сите правци. Набргу, неговото царство било распространето по речиси сиот Балкан, со делови од Тесалија, Тракија, кои биле сè уште под византиска власт. Во 986, Самуил одбегнувајќи го претпазливо секој отворен судир со противникот, ненадејно ја нападнал армијата на Василиј 2 додека се повлекувала од клисурите, веројатно кај Тројанова врата. Овој напад војниците предводени од Самуил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници, со што внесле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника, и во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор. Лав Ѓакон овој настан на кој присуствувал и едвај жив се спасил, го опишува многу живо и детално. Јоан Геометар исто пишува дека „Истарот го заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна. Инаку Геометар самиот го опеал овој пораз во песната под наслов „Пораз на Ромеите во болгарската клисура“.
Првиот пораз Самуил го доживеал во битката за Солун. Во 995 година, по грижливо извршените воени подготовки, Самуил тргнал со војската против градот Солун, во чија близина ги распоредил своите чети во заседа. Притоа се послужил со лукавство: испратил само еден помал одред да се пробие до самиот Солун. Дознавајќи за новата опасност, Василиј 2 го испратил во Солун врховниот заповедник на Западот, магистерот Никифор Уран. Уран со војските стигнал до реката Сперхеј, каде што се залогорил. Самуил откако завршил со пустошење и ограбување по Тесалија, Беотија и Атика, како и низ Пелопонез, исто така се залогорил од другата страна надојдената река Сперхеј. Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе реката на погоден премин, и ја нападнал војската на Самуил на спиење.
Поради факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани. Дури и самиот Самуил и неговиот син Гаврило Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Етолските Планини во Македонија. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги ослободил и со голем плен се вратил во Солун. 



Има само два извора кои опишуваат како Самуил станал цар. Првиот е Јахја, современик на овие настани, кој изнесува дека Самуил по поразот што му го нанесе Никифор Уран, отпрвин барал од Василиј 2 милост, ветувајќи му послушност. И токму кога владетелот сакал да се согласи со тоа, се случи „да умре бугарскиот цар, кој се наоѓаше во царскиот затвор во Цариград“. Кога Самуил чу за неговата смрт, самиот се прогласи за цар.
Втор, но подоцнежен извор е Поп Дукљанин, кој вели: „Во тоа време, се крена некој Самуил, кој наредил да го нарекуваат цар, и започна многу војни со Византијците и ги исфрли од цела Cловинија , така што во негово време Византијците не се осмелуваа ни да се приближат.“ 

Базиликата на островот Свети Ахил

Познато е дека во Самуиловата држава први и најбројни биле Македонците, потоа Словените во Тесалија ,Акаранија,Етолија и на Пелопонез, а по нив Србите, Хрватите, Ромеите, Власите и Ерменците. Треба да се нагласи дека нема ниту еден изворен податок дека Македонците самите себеси се нарекувале Бугари. На чело на ваквиот конгломерат на народи, стоел царот и автократ Самуил, „раб божји“, како што се нарекувал самиот себеси. Службен јазик бил македонскиот, за што сведочат спомениците што самиот Самуил ги подигнал.
Јадрото на неговата држава било сосема поинакво. Тој востанови и врховна црковна институција на својата млада империја, во сосема друг центар, со седиште прво во Преспа, а потоа во Охрид. Но папската курија не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх, туку архиепископ, а бидејќи Охридската архиепископија се косела со интересите на Византија, Василиј 2- ри не сакал да ја потврди. Во одделни истакнати манастири постоеле и препишувачки училишта, каде писарите-монаси препишувале на стариот македонски црковен јазик.
За судството од тоа време, не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел е врховен судија.

Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (од саркофаг "Г") црква Свети Ахил, Мала Преспа
 

Смртта на Самуил :
Царот Василиј 2 наредил на заробените војници да им бидат извадени очите, а на секој стоти да му се остави по едно око. Такви ги испратил кај Самуил. Кога Самуил ги видел во толкав број и во таков неред, не можејќи да ја поднесе храбро и мирно оваа глетка, паднал на земја во несвест, бидејќи му се слошило. Наскоро присутните го повратиле со миризлива вода. Откако малку се смирил, Самуил побарал голтка студена вода, и кога ја испил, добил срцев удар и по два дена умрел, на 6 октомври 1014 година.
Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.