печат на Кресненското востание |
Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание) е востание на македонскиот народ против Отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија.
Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија. Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна. Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија. Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци - учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи. Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети „Единство“, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието. При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци - Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.