Атанас Тешовалијата бил македонски ајдутин и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Тој е роден 1865 година во селото Тешово (Неврокопско). Од 1897 е арамија по Пирин планина. Учествувал во четите на војводите Давко, Дончо Златков и Кочо Муструкот. 1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев, ги прима неговите идеи и се присоединува кон неговата чета. Во 1901 година е војвода во Неврокопска околија. Извршува поширока организациска дејност, основавајки комитети на организацијата во сите села низ околијата. Во април 1902г. ја присоединува својата чета кон четата на Јане Сандански во с.Банско за заедничка борба против врховистите. Атанас Тешовалијата станува еден од најверните соработници на Јане.
Учествува со четата во Илинденското востание, кога ги прекинува телеграфските линии во неговата околија и се судрува со турски аскер кај село Зрново. На 12 мај 1905 четата случајно наидува на аскер и одвај 40 годишниот Атанас Шабанов - Тешовалијата е убиен.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.