Wednesday, July 27, 2011

Аргир Манасиев


Завршува френски колиџ во Солун и потоа е учител во Ново село и Негован, Солунско, Смоквица, Гевгелиско и градот Гевгелија. 



Привлечен е од Гоце Делчев во редиците на ТМОРО. Активно учествува во создавањето на нови комитети и проширување мрежата на организацијата. 


Разоткриен од турските власти во 1901 година станува нелегален. Војвода е на чета во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Сава Михајлов организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија. Нивните обединети чети водат повеќе борби, а тоа кај селото Клисура на 24 август, и заедно со кукушката чета на 25 септември на Пајак планина. 

 
По востанието останува во реонот и возобновува организацијата. Се истакнал како цврст противник на грчката вооружена пропаганда. Делегат е на Рилскиот конгрес од солунскиот округ. По 1906 година емигрира во Софија, а по младотурскта револуција се враќа во Гевгелија. 



За време на Балканската војна е начело на чета, а од 1913 година живее во Струмица, каде е околиски управител. Од 1919 година до крајот на својот живот живее во Горна Џумаја.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.